Достапни линкови

Фатмир Бесими, министер за економија


Фатмир Бесими, Министер за економија
Фатмир Бесими, Министер за економија

Можам да констатирам дека 2009 година беше прилично година на предизвици за тоа како да се справиме со ефектите на глобалната економска криза врз нашата економија. 2010 година значи тековната година, според тоа што се случува во развиените економии и некои оптимистички сценарија, мислиме дека годинава ќе биде година на опоравување, но не е така едноставно.

Министре кон крајот на минатата година светот веќе почна да се опоравува од економската криза, оваа година се смета дека ќе продолжи опоравувањето. Каде е Македонија во целиот овој процес, може ли да се очекува економски раст кој што беше забележан во 2008 година?

Што се однесува до глобалната економска криза наспроти нашата економија, можам да констатирам дека 2009 година беше прилично година на предизвици за тоа како да се справиме со ефектите на глобалната економска криза врз нашата економија. 2010 година значи тековната година, според тоа што се случува во развиените економии и некои оптимистички сценарија, мислиме дека годинава ќе биде година на опоравување, но не е така едноставно. Значи нема да биде година во која работите наеднаш ќе ,,процветаат", ќе се решат сите проблеми, туку трендот ќе се менува. Најавите се дека опаѓачките трендови сега земаат друг предзнак, позитивен предзнак, но динамиката ќе зависи од земја во земја, зависино од структурата на тие земји. Како што во 2009 година ние имавме увезена криза, затоа што тоа некако беше имплицирано од тоа што се случува кај нашите најголеми трговски партнери, по истата логика се очекува позитивните трендови кај тие земји да се одразат и во нашата економија, се разбира со одредено временско задоцнување, затоа што така се пренесуваат тие ефекти. Mеѓутоа тој надворешен фактор каде што ние како мала економија малку можеме да влијаееме, или подобро кажано неможеме да влијаеме со оглед на нашиот економски капацитет во глобалната економија, и со оглед на овие фактори значи, еден од главните извори на таквата состојба има проекции на опоравување и тоа логично е да се очекува и кај нас. Како ќе биде во споредба со 2008 година, 2010 година во рамките на проекциите и самите проекции покажуваат дека не е далеку од тоа да биде како во 2008 година кога имавме остварено 5% реален пораст на БДП, а сега проекциите за оваа година се некаде околу 2%.
 Fatmir Besimi
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:10:24 0:00

Ако добро се сеќавам неодамна потпишавме договор за билатерална соработка со Република Косово. Дали тоа некако влијаеше врз односите со Србија?

Во однос на билатералната соработка со Косово, можам да кажам дека тоа беше само еден чекор натаму после воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Макеоднија и Косово, само потврда на традицонално добрата соработка од областа на економијата и пошироко. Во контекст на договорот за економска соработка тоа е во насока на проширување на таа соработка, која во последните децении била исклучитело важна. Косово е значаен економски партнер за Македонија и за развој на нашиот бизнис и за трговија и за инвестиции во иднина. Во однос на нас, соработката со Србија можам да кажам дека немало влијание од аспект на економската соработка, а сега се гледа дека и од аспект на политичката ситуација и пошироко апсолутно немаше некои негативни влијанија. Во текот на 2009 година исто така имавме потпишано сличен договор и со Србија, за економска соработка меѓу двете земји.

Од Нова година Макeдoнија започна да претседава со европската Енергетска заедница, дел од приоритетите се поставување на стабилен систем за снабдување со електрична енергија и донесување стратегија. До каде се работите со нашата стратегија за стабилно снабдување со електрична енергија?

Стратегијата е во финална фаза, како што рековте, главната цел на стратегијата е да се направи стратегија која што ќе овозможи до 2030 година да се овозможи стабилен систем кој што ќе биде дел од европскиот пазар во иднина и добра интерконекција со сите соседни земји и земји од регионот, а во иднина и земјите од ЕУ. Ние во текот на оваа година и во рамките на работите и реформите кои што ги планираме, акциониот план кој што го донесовме во текот на оваа година за крупните реформи кои што планираме да ги направиме во овој сектор, сакаме да постигнеме таа цел во овој период на докажаме дека имаме капацитет да станеме лидери во областа на реформите во енергетиката.

Да поразговараме за двата проекти кои што се планираат овде на Балканот. Едниот е Набуко, а другиот е Јужниот тек на рускиот Гаспром. Зошто и двата проекти не поминуваат низ земјава? Дали има геостратешки пречки или пак немаме потреба од природен гас сега засега?

Ние повеќе се базираме на повеќе анализи од аспект на гасификацијата и ние имаме наш, се работи кај нас на стратегијата за гасификација на Макеодонија со цел сите населени места да добијат природен извор на гас, за потрошувачка за домаќинствата, а секако и за индустријата, и од друга страна еден ресурс кој што идните термоцентрали кои што би биле на гас, да можат од еколошки аспект да бидат почисти во споредба со термоцентралите на јаглен и секако економски се поисплатливи. Значи тоа се потребите кај нас, меѓутоа таа студија се гледа да биде вклопена и во рамките на овие регионални проекти, како Набуко и Јужниот тек. Исто така има предвиден и еден прстен, една стдија за регионот на Југоисточна Европа, потоа Трансатлантскиот кој што се прави за регионот на Турција, Грција за Италија и една друга линија која што се прави на Јужниот тек, значи Македонија според овие проекти има можност за вклучување во пет-шест преносни транзитни точки и Македонија може да има една добра позиција поради централната положба на земјата на Балканот, дава можност да Макеоднија игра една важна улога во овој сегмент, правиме интензивни и укажувања, стратегии и преговори и со Турција, затоа што во моментот кога се градат ове транзитни линии да можеме да се вклучиме и да искористиме дел од овие капацитети, со тек на време кога ќе се изгради гасификацијата и во Република Македонија да ги имаме потребните извори за природен гас.

Ги начнавме термоелектраните. Еве малку и за Чегране и Галиште, извесно време се планира изградбата. Последна информација која што ја имаме е дека се имаат појавено тројца потенцијални инвеститори. Може наскоро да се очекува да почне изградбата?

Тендерот е во тек, во втора фаза сме, во претквалификација се три компании од ЕУ. Ние овие денови озваничивме и вклучување на Меѓународната финансиска корпорација, што е дел од Светската Банка, како главен консултант за финансиските, правните и техничките аспекти за тендер. Тоа е еден силен сигнал до инвеститорите дека ние сме сериозни за квалитетот на овој проект, дека сме сериозно заинтересирани за успешност на овој проект, а со ова ние го подигнуваме и кредибилитетот на самиот проект, а само по себе тој е комплексен затоа што предвидува над 500 мегавати инсталирана моќност и на 600 гигавати годишно производство што е скоро 10% од сегашните потреби што се обезбедуваат за регулираниот пазар, значи домашното производство и од тој аспект значи станува згор за една сериозна инвестиција која што би била една од најголемите досега реализирани во Македонија, земајќи ги предивид и најголемите приватизации и најголемите инвестиции што досега се направени во Макеоднија.

Од оваа година исто така започнува субвенционирањето на странскиот туристички фонд. Како е тоа продуктивен расход, продуктивна инвестиција, како тоа субвенционирање ќе се исплати?

Ние имаме констатирано дека Макеоднија има голем туристички потенцијал, имајќи ги во предвид и природните и културните богатства, со сите сличности и разлики, значи целиот колорит на овие работи дава една уникатна понуда за туристите. Тоа еден начин да се промовира туризмот и исто така да се претстави и државата, а исто така и културата и традицијата да се промовира значи на другите нации во светот. Тоа е еден не само економски сектор туку има една поширока димензија и мислиме дека има капацитет и вреди да се инвестира.
XS
SM
MD
LG