Достапни линкови

Антиопозициските протести - недемократски чин


Протести
Протести

Според експертите, организирањето на протести против опозицијата, што деновиве се случија во Скопје е карактеристично само за недемократските држави и е резултат на зголемената политичка конкуренција. Опозициската СДСМ ја обвинува ВМРО ДПМНЕ дека стои зад организацијата на протестите, додека од власта негираат.

Опозицискиот СДСМ тврди дека зад протестите на таканаречените ,,Жртви на транзицијата" стои владејачката ВМРО-ДПМНЕ, додека од владејачката партија негираат каква било поврзаност со антиопозициските протести. Експертите, пак, велат дека протестирањето против опозицијата е карактеристика на недемократски држави. Дел од учесниците на протестите против опозицијата се дел и од
Веројатно можеле искуство да земат само од Слободан Милошевиќ или пак од некои случувања што денеска ги гледаме во некои недемократски, тоталитарни системи
кампањата против лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, „Сведоштва – Да не се заборави“ што се појавува во македонските медиуми. Под платените огласи од оваа кампања е потпишана владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот Андреј Петров од СДСМ вели дека во ниту една друга земја власта не организира протести против опозицијата.

„Веројатно можеле искуство да земат само од Слободан Милошевиќ или пак од некои случувања што денеска ги гледаме во некои недемократски, тоталитарни системи, каде што целото незадоволство што постои од власта, треба да се изедначи со наводно незадоволство од опозицијата.“

Пратеникот Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната пресконференција, само кусо одговори дека нема врска меѓу нивната кампања и протестите на „Жртвите на транзицијата“. Експертот за политичка комуникација Петар Арсовски вели протестите се резултат на зголемената политичката конкуренција.
Некои одлучуваат да се борат со посилни аргументи и поостра понуда, додека некои одлучуваат да се ,,плукаат" и да протестираат

„Се намалуваат бројот на расположливи гласачи, па со самото тоа политичката борба меѓу партиите, се заострува. Прашање на политичка еманципација и политичка култура е, како партиите ќе одлучат да се борат во вака засилена политичка конкуренција? Некои одлучуваат да се борат со посилни аргументи и поостра понуда, додека некои одлучуваат да се ,,плукаат" и да протестираат. Второто е правило во ,,Банана држави“ но тоа е веќе одлука на партиите и нивната стратегија.“

Професор Ѓорѓи Спасов, пак, е дециден дека протестирањето против опозицијата е одлика на недемократските држави.

„Организирањето на протести против опозицијата, се всушност еден вид на контра протести на оние што ги организира опозицијата против власта. Тоа е метод што е виден во недемократските држави и кој што всушност и порачува на опозицијата дека, не само што се блокирани институционалните канали за влијание на опозицијата, туку дека во таква ситуација ако опозицијата се обиде да ја користи улицата, дека ќе биде избркана и од улицата.“

Учесниците на завчерашните антиопозициски протести бурно и со закани изреагираа на новинарските прашања зошто се дел од платени партиски огласи во весниците.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG