Не се планираат предвремени избори велат од власта. Од опозицијата пак иако не е за предвремени избори, велат дека се спремни. Иако анкетите кои покажуваат висок рејтинг на владеачката партија, шетањето по села и градови, потребата за средба со граѓаните, препукувањата мегу партиите на власт и со оние од опозицијата, потсетуваат на припреми за избори. Премерот Никола Груевски изјави дека не планира предвремени избори, ниту реконструкција на Владата.
„Немаме намера да одиме на предвремени избори, тоа сме го кажале повеќе пати. Рејтингот не е нешто на што сме фокусирани. За мене е најважно да ги исполниме ветувањата кои сме ги дале во програмата. Обврската со ова е уште и поголема,“
истакна премиерот, одговарајќи на новинарско прашање дали високиот рејтинг од најновата анкета ќе го мотивира за предвемени избори.
И во анкетата на нашиот сајт, makdenes.org, од близу 1000 луѓе што одговориле на прашањето за кого ќе гласаат на следните избори, повеќе од 42 проценти својот глас го дале за ВМРО ДПМНЕ, 24 проценти гласале за СДСМ, а дури 13 проценти одговориле со Не знам.
И од нивниот коалиционен партнер во Владата, ДУИ, велат дека досега не станало збор за предвремени избори. Пратеникот Тахир Хани вели:
„Ние апсолутно не разговараме за предвремени избори, туку ние функционираме и сакаме да бидеме успешни во власта.“
Од опозициската СДСМ пак велат дека не би ги изненадило да има предвремени избори:
„Друго прашање е дали тоа во моментов за земјата е добро, бидејќи ЕУ и сите кажуваат дека до јуни треба да се фокусираме на перпсктивите на земјата. Но, СДСМ е подготвен и не може да го изненади било каков ирационален потег од сегашната влада, затоа што и до сега сме навикнале на тоа.
Аналитичарот Имер Исмаили вели дека идејата за предвремени избори е уште една од низата политички глупости што се случуваат во Македонија. Тој вели дека со пропагандата за изборите се оттргнува вниманието од другите битни прашања:
„Мислам дека ова е многу незрело, неполитички, недржавнички од страна на тие што ја пропагираат оваа идеја. Дефинитивно мислам дека Македонија нема потреба од избори, туку од реализирање на платформи врз основа на кои ДУИ и ВМРО ДПМНЕ го добија мнозинството гласови на граѓаните на Република Македонија.“
Исмаили смета дека политичарите сега треба да се посветат на приоритетни теми и на решавање на проблемите.
Немаме намера да одиме на предвремени избори, тоа сме го кажале повеќе пати
„Немаме намера да одиме на предвремени избори, тоа сме го кажале повеќе пати. Рејтингот не е нешто на што сме фокусирани. За мене е најважно да ги исполниме ветувањата кои сме ги дале во програмата. Обврската со ова е уште и поголема,“
Ние апсолутно не разговараме за предвремени избори, туку ние функционираме и сакаме да бидеме успешни во власта.
истакна премиерот, одговарајќи на новинарско прашање дали високиот рејтинг од најновата анкета ќе го мотивира за предвемени избори.
И во анкетата на нашиот сајт, makdenes.org, од близу 1000 луѓе што одговориле на прашањето за кого ќе гласаат на следните избори, повеќе од 42 проценти својот глас го дале за ВМРО ДПМНЕ, 24 проценти гласале за СДСМ, а дури 13 проценти одговориле со Не знам.
И од нивниот коалиционен партнер во Владата, ДУИ, велат дека досега не станало збор за предвремени избори. Пратеникот Тахир Хани вели:
„Ние апсолутно не разговараме за предвремени избори, туку ние функционираме и сакаме да бидеме успешни во власта.“
Друго прашање е дали тоа во моментов за земјата е добро, бидејќи ЕУ и сите кажуваат дека до јуни треба да се фокусираме на перпсктивите на земјата. Но, СДСМ е подготвен и не може да го изненади било каков ирационален потег од сегашната влада