Достапни линкови

Превирања во владината коалција?


Зградата на Владата на РМ
Зградата на Владата на РМ

И покрај пишувањата на медиумите, во ДУИ и во ВМРО ДПМНЕ засега негираат дека има недоразбирања во владината коалција. Во ДУИ ги отфрлаат и пишувањата за внатрепартиски несогласувања. Дел од експертите на мислење дека има вистина во сето по малку и според нив можни се предвремени избори.

И покрај се погласните шпекулации и ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и натану негираат дека нешто се случува меѓу коалиционите партнери што може да заврши со владина реконструкција на почетокот од наредната година или пак уште подрастично со предвремени избори. Медиумските написи се нарекуваат шпекулации, повремените како што велат недоразбирања нормални, а односите во коалицијата
Односите во Владата се коректни
коректни. Она што се случува во реалноста според експертите е очекуваното однесување на ДУИ по партискиот конгрес на кој се најави цаврстување на ставовите во однос на сопствената позиција во владата но можеби и барање виновник за одржување предвремени избори. Во ДУИ се негираат и евентуалните бранувања во партиските редови од кои произлегоа пред се шпекулациите дека лидерот на оваа партија ќе побара реконструкција во јануари.

,,Ниту едно, ниту другото. Тоа нема никаква врска ниту со најавите за реконструкција, ниту со шпекулациите за несогласувања и недоразбирања меѓу владините колациони партии, ниту внатрепартиски превирања во ДУИ. Односите во Владата се коректни."

Изјави Џевад Адеми од ДУИ. Премиерот Груевски исто така пред неколку дена негираше дека коалиционите партнери разговарале до
Во случај да се испровоцира ДУИ, таа ќе излезе од власта и искрено не верувам дека некоја друга албанска партија би влегла во Владата во таков случај и мислам дека би се прогласиле предвремени избори
сега за таквво нешто. Нема да има предвремени избори ниту пак реконструкција на владата е дел од агендата на Владата изјавија лидерите на двете партии кои ја сочинуваат Владата. Ниту негласањето за законот за основно и за средно образование предложен од ВМРО-ДПМНЕ, ниту јавно искажаното незадоволство од неучествувањето во 12 врвни институции во државата, во ДУИ не го сметат за нешто што би можело да сведочи и да влијае на односите меѓу колаиционите партнери. Аналитичарот Алберт Муслиу пак во сите овие настани гледа и внатрепартиски позиционирања на ДУИ и несогласувања меѓу колаиционите партнери, но и подготовка за избори.

,,Мислам дека од сето има по малку. Во случај да се испровоцира ДУИ, таа ќе излезе од власта и искрено не верувам дека некоја друга албанска партија би влегла во Владата во таков случај и мислам дека би се прогласиле предвремени избори."

Причината би била чисто математиичка, вели Муслиу паѓање на Владата за да дојде до предвремени избори.
XS
SM
MD
LG