Достапни линкови

Подготовки за предвремени избори?


Се подготвуваат ли за двобој? Претсдателите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ Груевски и Црвенковски
Се подготвуваат ли за двобој? Претсдателите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ Груевски и Црвенковски

Официјално, сите се против предвремени избори, но според експертите подготовките се во тек. Премиерот Груевски се почесто може да се забележи со лопата в рака, како во предизборието пред локалните избори. Опозицијата пак денеска формира нов опозициски фронт.

Предвремените избори се тема којашто никој повеќе не ја одбегнува. Сите се против но подготвуваат терен. Опозицијата веројатно овој пат ја сфаќа посериозно коментираат експертите, па оттаму и денешното формирање на новиот опозициски фронт и
Окрупнувањето на опозицијата е знак дека нешто се случува во Република Македонија и дека не се без основа најавите дека можеби се подготвуваат предвремени избори во Република Македонија
претставувањето на платформата за уривање на власта. Веќе и реплицираа на власта дека не само што не се плашат од предвремени избори туку и се надеваат на победа. Засега даваат уште еден аргумент за тоа дека нешто се случува на темата избори.

„Окрупнувањето на опозицијата е знак дека нешто се случува во Република Македонија и дека не се без основа најавите дека можеби се подготвуваат предвремени избори во Република Македонија,“

изјави професорот Звонимир Јанкуловски. Ова според експертите е малку поорганизирана акција на опозицијата за разлика од досегашното делување засновано на чекање на пропустите на власта. Тие можеби гледаат шанса да дојдат до власта коментираат експертите, власта пак би сакала да добие потврда од народот во врска со потезите кои се тема на напади најмногу антиквизацијата како и одложувањето на евроитегративните процеси. Лошо е што подготовката за извори тангира и некои меѓуетнички теми коментира аналитичарот Алберт Муслиу.
Подигањето на меѓуетничките тензии е една од гарантираните карти да се собере добар дел од електоратот на своја страна. Со докажувањето кој е поголем патриот, кој е поекстремен, кој е позагрижен за својата етничка група.

„Подигањето на меѓуетничките тензии е една од гарантираните карти да се собере добар дел од електоратот на своја страна. Со докажувањето кој е поголем патриот, кој е поекстремен, кој е позагрижен за својата етничка група.“

Иако премиерот веќе неколкупати демантираше дека власта се подготвува за избори, а претседателот на ДУИ дека нема политичка криза за да се случат нови избори, партиите од опозицијата веќе по нова година почнаа да зборуваат за окрупнување и обединување на оваа страна. Опозициониот блок ќе го сочинуваат СДСМ , НСДП на Тито Петковски. ЛП на Стојан Андов , Нова алтернатива на Ѓорги Оровчанец, Новите слободни социјалдемократи на Љупчо Јордановски, Партијата на зелените и Турската партија на Ердоган Сарач.
XS
SM
MD
LG