Лидерите на опозицискиот СДСМ и на владејачката ДУИ Бранко Црвенковски и Али Ахмети денеска ќе се сретнат во седиштето на ДУИ во Тетово.
Во ДУИ велат дека не може да одговорат што е тема на разговорите. Тие посочуваат дека Ахмети и Црвенковски се слушнале по телефон и лично ја договориле средбата. Потпретседателот на СДСМ Андреј Петров, пак, вели дека иницијативата за средбата потекнала од ДУИ. Ние се наоѓаме пред големи предизвици што ги отвора извештајот на Европската комисија, вели Петров.
„Логично е владеачките партии да ги разменат информациите и околу некои работи да градат заеднички пристап во иднина.“
Професор Јетон Шасивари посочува дека до средбата доаѓа по искажаните јавни несогласувања меѓу коалиционите партнери ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.
„Црвенковски на оваа средба ќе го опипа пулсот на истрајност на Ахмети во сегашната коалиција, особено ако после декември не добиеме датум за преговори за ЕУ, при што се можни предвремени избори. Од друга страна, средбата може да се сфати и какопритисок врз Груевски за што побрзо решавање на спорот за името.“
Комуниколозите велат дека средбата е навидум нормална работа, но самото среќавање може да испрати и друга порака. Комуниколог Сеад Џигал вели дека ефектот од средбата може да биде дека настанува раздвижувања или иницирање паралелни политички сценарија или активности што навидум би внеле нова динамика во политичката комуникација и во политичките процеси.
„Имајќи ја предвид нашата политичка култура и контекстот во кој се одвива политичката комуникација, ова може да биде притисок кон други субјекти дека постои потреба или постојат и алтернативни типови на договарања за различни работи во земјата.“
Потпретседателот на СДСМ, Петров сепак вели дека целта на средбата е само размена на мислења за клучните политички предизвици на земјата и отфрла какви било разговори за политички или партиски прегрупирања.
„Се додека се во владата не можат да бидат и со нас. Ние не се мешаме во нивните меѓусебни односи и одредени стравувања кои им се јавуваат, ако им се јавуваат, тоа е нивна работа. СДСМ има цел од овој состанок да ги размени мислењата за клучните работи во државата кои се многу важни за иднината на земјата со ДУИ и тоа е целта на состанокот.“
Петров вели дека се расположени и за среба со ВМРО-ДПМНЕ, но оти тоа би требало да биде лидерска средба што ќе ја организира премиерот.
Црвенковски на оваа средба ќе го опипа пулсот на истрајност на Ахмети во сегашната коалиција, особено ако после декември не добиеме датум за преговори за ЕУ
Во ДУИ велат дека не може да одговорат што е тема на разговорите. Тие посочуваат дека Ахмети и Црвенковски се слушнале по телефон и лично ја договориле средбата. Потпретседателот на СДСМ Андреј Петров, пак, вели дека иницијативата за средбата потекнала од ДУИ. Ние се наоѓаме пред големи предизвици што ги отвора извештајот на Европската комисија, вели Петров.
„Логично е владеачките партии да ги разменат информациите и околу некои работи да градат заеднички пристап во иднина.“
Професор Јетон Шасивари посочува дека до средбата доаѓа по искажаните јавни несогласувања меѓу коалиционите партнери ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.
„Црвенковски на оваа средба ќе го опипа пулсот на истрајност на Ахмети во сегашната коалиција, особено ако после декември не добиеме датум за преговори за ЕУ, при што се можни предвремени избори. Од друга страна, средбата може да се сфати и како
Ова може да биде притисок кон други субјекти дека постои потреба или постојат и алтернативни типови на договарања за различни работи во земјата