Со идејата за предвремени избори, политичарите се играат со јавното мислење, сакајќи на тој начин да го отргнат вниманието од важните прашања за Македонија, велат експертите. Откако во јавноста се појави информацијата за предвремени избори, власта и опозицијата се обвинуваат за тоа кој е изворот на шпекулацијата. Професорот Денко Малевски вели дека идејата за предвремени избори е производ на неспособноста на политичарите да се обединат за решавање на тешките прашања за државата. Пуштањето на такви шпекулации придонесува јавноста да се занимава со периферни работи, наместо со суштински, вели професорот Малевски.
,,Значи има држава, има стратешки цели кои мора да ги оствари на пат е тоа да го направи, тоа е членството во НАТО што сеуште чека, и потоа забрзано кон ЕУ, и во степен во кој што тие се неспособни да ги разрешат овие работи затоа што тоа бара единство, се измислуваат разно разни глупости и се врти вниманието на јавноста од тие тешки проблеми."
Без разлика од каде доаѓа шпекулацијата за предвремени избори, крајно несериозно е партиите во овој момент да размислуваат за таа идеја и да ја пуштаат во јавноста, вели професорот Имер Исмаили.
,,Значи овие се некои ситни профити внатре, да се привлече вниманието од круцијалниот проблем, а тоа се разговорите со Грција за името и во состав на ова јас го гледам ова како игра со јавното мислење и од едниот и од другиот табор. Незнам од кој табор доаѓа ова, меѓутоа и двете партии сепак ја играат оваа игра."
Од СДСМ рекоа дека кога ќе го отворат прашањето за предвремени избори , тоа ќе го направат на многу појасен и посериозен начин, и обвинија дека зад таа шпекулација стои ВМРО-ДПМНЕ. Од власта пак изјавија дека таквата идеја доаѓа од СДСМ за да се покрие недостигот од новости кои што граѓаните ги очекуваат од опозицијата.
Во степен во кој што тие се неспособни да ги разрешат овие работи затоа што тоа бара единство, се измислуваат разно разни глупости и се врти вниманието на јавноста од тие тешки проблеми