Пронаоѓањето на паркинг место во центарот на Битола за скоро нема да биде главоболка на битолчани доколку се оствари зацртаниот план на општината за изградба на надземни и подземни катни гаражи. Строго во центраот на градот предвидени се две катни гаражи со вкупно 900 парирни места. Половината од нив во подземната гаража под плоштадот Гоце Делчев, а останатите во надземната зад киното Македонија. Меѓутоа, на планот се спротивставуваат жителите од центарот старвувајќи од загадување, врева, намалување на светлината и друго.
„Ќе останеме во еден загаден круг. 420 возила три пати да направат по еден циклус, тоа е 1200 возила. Колкаво ќе биде загадувањето?“
„Кога би се копал новиот објект ќе се одрази врз стабилноста на постоечките околи објекти кои се изградени пред 40 години, а визбите и од оваа мала фреквенција на возила покажуваат оштетување. Дали жителите од северната страна ќе живеат цело време со сијалици?“
„Ние создаваме еколошка бомба. Сакаме уште еден РЕК да донесеме како загадувач, да се загади ова населено место кое е најмногу населено со луѓе во целото централно подрачје. Па ослободете го центарот од возила, нека биде една пешачка зона каде луѓето слободно ќе се движат.“
Ваквиот прокет има за цел да го намали сообрајќајниот метеж во градот и да обезбеди повеќе паркирни места, велат од општината.
„Вкупниот број на паркирни места, вклучувајќи ги и отворените паркинзи кои се сретнуваат во поширокото градско подрачје не ја надминуваат бројката од 4000 возила. Ако градот има официјално 23000 регистрирани возила. Колку малце паркирни места има во центраот на градот за да можат да се обавуваат сите активности и функции.“
вели изготвувачот на прокетот Јорго Шундовски. Сепак, во гаражите нема да се вложуваат општински средства, туку ќе се бара инвеститор кој ќе има профит бидејќи во склоп на гаражните објекти ќе има и дуќани.
Ќе останеме во еден загаден круг. 420 возила три пати да направат по еден циклус, тоа е 1200 возила. Колкаво ќе биде загадувањето?
„Ќе останеме во еден загаден круг. 420 возила три пати да направат по еден циклус, тоа е 1200 возила. Колкаво ќе биде загадувањето?“
„Кога би се копал новиот објект ќе се одрази врз стабилноста на постоечките околи објекти кои се изградени пред 40 години, а визбите и од оваа мала фреквенција на возила покажуваат оштетување. Дали жителите од северната страна ќе живеат цело време со сијалици?“
„Ние создаваме еколошка бомба. Сакаме уште еден РЕК да донесеме како загадувач, да се загади ова населено место кое е најмногу населено со луѓе во целото централно подрачје. Па ослободете го центарот од возила, нека биде една пешачка зона каде луѓето слободно ќе се движат.“
Вкупниот број на паркирни места, вклучувајќи ги и отворените паркинзи кои се сретнуваат во поширокото градско подрачје не ја надминуваат бројката од 4000 возила