Достапни линкови

Нема сообраќајна сигнализација во Дебар


Автопат
Автопат

Поради недостаток на семафори и соодветна сигнализација во Дебар, а во услови на зголемување на бројот на возила, се создава голем сообраќен хаос. Локалните власти веќе дебатирале за овој проблем, но засега причина зошто не е решен е недостатокот од финансиски средства.

Недостатокот на вертикалната и хоризонталната сообраќајна сигнализација во Дебар создава големи проблеми како за возаците така и за патниците. Проблемот е присутен подолг период, но последните години е мошне актуелен со оглед на рапидниот пораст на бројот на возилата.

„Се граничиме со Албанија која исто така гравитира со огромен број возила, и поради тоа потребно би било на соодветни места да се постават семафори.“

Вели Претседателот на Советот за безбедност во сообраќајот во Дебар Илбер Хаџиалили. Советот за безбедност во сообраќајот до сега има превземено бројни активности за решавање на проблемите со сигнализацијата но до сега нема решение.

„Во неколку прилики имаме поднесено барања до Општината за преземање мерки, како во поглед на поставување семафори, соодветна
Се граничиме со Албанија која исто така гравитира со огромен број возила, и поради тоа потребно би било на соодветни места да се постават семафори
сигнализација, сообраќајни знаци.“

Дебар има големи проблеми И со недостигот на паркинг плацеви.Проблемот добива во динамика особено во летниот период со присуството на печалбарите . ,,

„Во летниот период има нагласена потреба за паркинзи i се создава хаос во сообраќајот,,

вели Хаџиалили. Возачите и пешаците се жалат на недостигот на семафори и друга сигнализација, a немањето на целосна сигнализација особено е проблем за пешаците.

„Тешко е во одредени моменти да се мине улицата, нема пешаки премини.“

„Дебар има потреба од семафори. Посебно таква сигнализација е потребна во центарот, но и на две други места во градот,,

Велат граѓаните. Проблемот со недостигот на вертикалната и хоризонталната сигнализација на неколку пати е распораван и на седници на Советот на општинта и според најавите тој ќе биде надминат. Недостигот на средства до сега се спомнува како главна причина за негово нерешавање.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG