Со мирен двочасовен протест и блокада на една од главните крстосници во Куманово, стотина стопанственици од двете најстари улици Нагорички и Проевски сокак го изразуваат незадоволството поради нововоспоставениот еднонасочен сообраќај. Тие сметаат дека фреквенцинијата на луѓето и возилата е намалена, поради што двојно им е намален прометот. Бараат од локалната самоуправа да го смени ова решение со што ќе им овозможи да работат да ја обезбедуваат нивната и егзистенцијата на нивните вработени.
,,Треба да се врати стариот режим на сообраќајот. Улиците се затворени два и пол месеци, а прометот е намален за 40 до 80 %."
Смета Чедо Ивановски сопственик на трговски дуќан.
,,Ова не е добро решение за целиот град, не само за нас. Како што редовно ги плаќаме давачките на Општината и државата,така сакаме и да имаме услови за работа. Оштетени сме најмалку за 30 %."
Вели долгогодишниот угостител Јовица Стојановиќ.
Градоначалникот Зоран Дамјановски пак смета дека проектот за еднонасочен сообраќај во Куманово е изработен од стручни служби наСекторот за внатрешни работи и локалната смаоуправа, дека градот бил во голем сообраќаен хаос и дека со ова се преземени мерки за решавање на проблемот во рамките на можностите.
,,Куманово има регистрирано 22 илјади возила, а нема ниту 300 паркинг места. Со ова се добиени 900 паркинг места,а целта е и да се намали непрописното паркирање. Луѓето навикнале да живеат во сообраќајна џунгла,сообраќаен хаос и сакаат и понатаму да се паркираат на тротоари. Намален им е прометот од економската криза, а не е резултат на сообраќајниот режим во градот. Сега има повеќе можности за паркирање."
Вели Дамјановски.
Останувате на ова решение?
,,Локалната смаоуправа е определена да остане на концептот за еднонасочен сообраќај."
Доколку не се врати стариот режим на сообраќајот на Нагорички сокак, стопанствениците најавуваат:
,,Ќе ја блокираме главната улица,а ќе протестираме и пред општинската зграда."
Вели Ивановски.
Треба да се врати стариот режим на сообраќајот. Улиците се затворени два и пол месеци, а прометот е намален за 40 до 80 %
,,Треба да се врати стариот режим на сообраќајот. Улиците се затворени два и пол месеци, а прометот е намален за 40 до 80 %."
Смета Чедо Ивановски сопственик на трговски дуќан.
,,Ова не е добро решение за целиот град, не само за нас. Како што редовно ги плаќаме давачките на Општината и државата,така сакаме и да имаме услови за работа. Оштетени сме најмалку за 30 %."
Вели долгогодишниот угостител Јовица Стојановиќ.
Градоначалникот Зоран Дамјановски пак смета дека проектот за еднонасочен сообраќај во Куманово е изработен од стручни служби на
Намален им е прометот од економската криза, а не е резултат на сообраќајниот режим во градот. Сега има повеќе можности за паркирање