Достапни линкови

Филе: „Зборовите да се преточат во дела“


Премиерот Никола Груевски и евро комесарот за проширување Штефан Филе на прес конференција во Скопје
Премиерот Никола Груевски и евро комесарот за проширување Штефан Филе на прес конференција во Скопје

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе по средбата со премиерот Груевски изрази надеж дека владите на Македонија и Грција ќе го искористат најдобро што можат отворениот прозорец од можности за решавање на спорот за името.

Одржувањето на добрите меѓусиседски односи останува клучно а во тој контекст и изнаоѓањето взаемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ООН. Лидерите имаат голема одговорност но и фантастична можност да дадат придонес за регионаланта стабилност и во наредните месеци таа можнбост треба да се искористи, апелираше еврокомесарот за проширувањето Штефан Филе по средбата со Груевски.
Имавме добри разговори и во тие разговори тоа што го нагласив е дека зборовите треба да се преточат во дела. Убеден сум дека двете влади ќе го искористат најдобро што можат тој отворен прозорец од можности


„Имавме добри разговори и во тие разговори тоа што го нагласив е дека зборовите треба да се преточат во дела. Убеден сум дека двете влади ќе го искористат најдобро што можат тој отворен прозорец од можности“.

Според Филе сите овие можности се дел од планот А којшто за него не е пропаднат па затоа и како што рече засега не постои потреба да има план Б. Премиерот Груевски нагласи дека Македонија останува посветена на реформите потребни за приближување кон ЕУ но и на решавањето на прашањето кое што ги блокира евроинтеграциите.

„Во очекување сме на доаѓањето на господинот Нимиц, во очекување сме и на идни билатерални средби, се со цел и во правец на изнаоѓање решение коешто на некој начин би го надминал овој спор и би не деблокирал како држава за членство во ЕУ и НАТО што е наша стратешка цел.“

Притоа тој ги демантираше изјавите на копретеседавачот на мешовитито парламентарен комитет Шацимаркакис дека во заедничките разговори што ги имале вчера станало збор за какви и да е конкретни предлози.
На истото прашање по средбата со еврокомесарот за проширувањето одговараше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Мислам дека ќе се согласиме дека за важни прашања, за големи теми, преговори и договори не се прават пред медиумите. А, сметам дека сите ние сме фокусирани и ориентирани да изнајдеме решение.“

Во рамките на посетата на Скопје еврокомесарот за проширувањето ја нагласи потребата од продолжување на реформите и то аво делот на јавната администрација, судството , борбата против корупцијата и имплементацијата на Рамковниот договор.
XS
SM
MD
LG