Пораките дека има нови идеи што може да придонесат кон решавање на спорот за името со Грција во наредните недели се дел од меѓународниот притисок и охрабривање да се реши тој спор. Вака експертите за дипломатија со кои разговаравме ги толкуваат пораките што вчера ги упатија европски и американски дипломати кои се на посета во Македонија. Домашните експерти порачуваат да не се избрзува и многу внимателно да се читаа дипломатскиот јазик.
Професор Денко Малевски е поранешен министер за надворешни работи. Тој вели дека на овие пораки треба да се гледа како на обид на ЕУ да го помрдне спорот од мртва точка.
„ЕУ се обидува да излезе од оваа ситуација. Прво, одоброволувајќи го премиерот и македонската страна и на тој начин вршејќи еден вид притисок. Но, не треба да се избрзува, дипломатскиот јазик вообичаено е јазик на охрабрување, поттикнување итн.“
Копретседавачот на мешовитиот парламентарен комитет на Македонија и на ЕУ, Јогос Шацимаркакис вчера рече дека е позитивно изненаден од подготвеноста премиерот Никола Груевски за вистински преговори.
„Изнанаден сум, среќен и благодарен за новите идеи и се надеваме дека наредните недели ќе донесат резултати“,
рече тој.
Поранешниот амбасадор Ристо Никовски на овие изјави глада како на дел од меѓународниот притисок за промена на името.
„Немам претстава кои се тие нови идеи и какви се тие, но во секој случај сето тоа треба да се зема со резерва, бидејќи напорот е очигледен дека сака да се наметне решение кое оваа држава и овој народ не може да го проголта.“
Американскиот амбасадор во земјава, Филип Рикер побара процесот за наоѓање решение на спорот за името да не се прави потежок отколку што е. Малевски вели дека чепкањето по историјата е тоа што го отежнува процесот.
„Наместо кон една модерна визија за Македонија, нејзината иднина, ние одиме во историјата правејќи го проблемот уште потежок, бидејќи допираме до она што Грците го сметаат за нивен идентитет и правејќи го овој спор уште повеќе идентитетски.“
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Зоран Талер вчера рече дека помина времето кога овој спор беше само билатерален. Сега тоа е прашање на стабилноста во регионот и прашање на регионална одговорност рече тој. Талер ја повика Грција „ако сака да ја одигра улогата што ја заслужува, подобро да се постави кон ова прашање.“
ЕУ се обидува да излезе од оваа ситуација. Прво, одоброволувајќи го премиерот и македонската страна и на тој начин вршејќи еден вид притисок. Но, не треба да се избрзува, дипломатскиот јазик вообичаено е јазик на охрабрување, поттикнување итн
Професор Денко Малевски е поранешен министер за надворешни работи. Тој вели дека на овие пораки треба да се гледа како на обид на ЕУ да го помрдне спорот од мртва точка.
„ЕУ се обидува да излезе од оваа ситуација. Прво, одоброволувајќи го премиерот и македонската страна и на тој начин вршејќи еден вид притисок. Но, не треба да се избрзува, дипломатскиот јазик вообичаено е јазик на охрабрување, поттикнување итн.“
Копретседавачот на мешовитиот парламентарен комитет на Македонија и на ЕУ, Јогос Шацимаркакис вчера рече дека е позитивно изненаден од подготвеноста премиерот Никола Груевски за вистински преговори.
„Изнанаден сум, среќен и благодарен за новите идеи и се надеваме дека наредните недели ќе донесат резултати“,
рече тој.
Немам претстава кои се тие нови идеи и какви се тие, но во секој случај сето тоа треба да се зема со резерва, бидејќи напорот е очигледен дека сака да се наметне решение кое оваа држава и овој народ не може да го проголта.