Извршниот директор на Фондацијата за мали и средни претпријатија Драган Дамјановски наведува неколку причини зошто македонските фирми не се квалификуваат за тендери во странство
„Прво е правната рамка, значи недоволно стручно познавање на таа легистлатива, потоа припременоста во финансискиот дел, и на крајот на краиштата доаѓа техничкиот дел, стручниот, односно дали тоа што се бара може да се реализира.“
Едно можно решение на проблемот е здружување на компаниите, вели Дамјановски
„Мислам дека во оваа фаза добро е кога дел од компаниите би оделе како конзорциум, значи заеднички повеќе компании од иста област да одат заеднички, за да добијат и на тежина и на капацитет, а со цел да имаат и поголема профитабилност, и поголем финансиски бекграунд.“
Понатаму, македонските компании можат и да наоѓаат партнери во странство со кои заедно ќе можат да аплицираат на тендери, појаснува Дамјановски
„И вториот начин, она што го препорачуваат земји, да се поврзуваат со странски компании кои имаат големо искуство на европските тендери и полека да се учат на таа работа. Мислам да го стекнат потребното искуство за да го добијат тендерот или дел од тендерот.“
Според официјални проценки, најперспективни гранки кои можат да настапат на странските пазари се металургијата, градежништвото, текстилната индустрија и земјоделството. И покрај тоа што речиси сите овие гранки беа опфатени со владините антикризни мерки, се чини дека најмногу внимание се посвети на земјоделството, гранка во која се влеваа субвенции и европски пари. Од тука се поставува прашањето колку правните субјекти кои се бават со земјоделство се подготвени да настапуваат надвор од земјава? Александар Зарков од Сојузот на стопански комопри вели дека земјоделците заеднички не настапуваат на странските пазари.
„Би можел само да кажам дека одредени компании се високо подготвени, професионални, со современи начини кои веќе работат по европски стандарди, а има и компании кои каскаат во процесот стремејќи се да го постигнат ова.“
Инаку се чини дека во изминатиов период опаѓа активноста на македонските стопанственици на странските пазари. Според официјални податоци на заводот за статистика, обемот на стоковната размена на Република Македонија во периодот јануари-декември 2009 година е за 28.6% помал од обемот на размената во истиот период од 2008 година

Мислам дека во оваа фаза добро е кога дел од компаниите би оделе како конзорциум, значи заеднички повеќе компании од иста област да одат заеднички, за да добијат и на тежина и на капацитет, а со цел да имаат и поголема профитабилност, и поголем финансиски бекграунд