Достапни линкови

Течат роковите за субвенции


Земјоделци
Земјоделци

Од 5-ти овој месец течат роковите за земјоделците за поднесување барања за субвенционирање. Според познавачите, потребно е критериумите за распределба на програмите за подршка дополнително да се преработат и да се прилагодат според државните потреби за одредени стратешки прозиводи

Земјоделството и во политичките расправи добива улога на една од темелните поддршки во развојот на домашното стопанство, а државата прикажува дека домашното прозиводство настојува да го заштити и да ја потикне неговата конкурентност преку субвенцинирање. Согледувањата на корисниците од нивните досегашни искуства се дека треба да се направат дополнителни чекори
Македонија има потреба за околу 360 илјади тони пченица. На ваков начин не верувам дека ќе се стимулира домашното производство посебно кај големите производители, за да го зголемат своето производство. Ако го зголемат ќе ја намалат поддршката од програмите за поддршка

доколку се сака да се потикне земјоделството на државно ниво. Врз основа на препораките на Агро Бизнис комората потребно е критериумите за распределба на програмите за подршка дополнително да се преработат и да се прилагодат според државните потреби за одредени стратешки прозиводи. Алексанадар Зарков кој има забелешки околу скалестата распределба на субвенциите, посочува дека на пример подршката за житните култури се движи во зависност од површината на хектари што ја поседува производителот, односно доколку некој поседува над 300 хектари поддршката се намалува до 10 проценти.

Македонија има потреба за околу 360 илјади тони пченица. На ваков начин не верувам дека ќе се стимулира домашното производство посебно кај големите производители, за да го зголемат своето производство. Ако го зголемат ќе ја намалат поддршката од програмите за поддршка.“

Истото се случува и во дел од програмите за сточарско производство, за овоштарство и во програмите за органско производство на градинарски производи. Ефтим Шаклев од Сојузот на фармери смета дека има слабостите во правилникот за добивање субвенции но оти се незначајни. Поголеми забелешки тој има во погледа на координацијата мегу ресорното минстерство и подрачните единици и смета дека треба да има подобрувања во тој дел за да се олесни процедурата и корисниците да не губат време да ја обезбедат потребната документација.

„Сите документи прво треба да ги прегледаат во министерството и ако фали некој документ, подрачната единица да каже кој документ фали, а не тиа да одат во Скопје, па пак да се враќаат назад и да се губи многу време.“

Благоја Најдовски кој добива субвенции во износ од по 500 денари за 35 кошници пчели согласно прогамата има впечаток дека државата државата се грижи да има развојна компонента и дека секој кој ги исполнува барањата добива
помош во делот на покривањето на трошоците

„Од година во година се зголемува. Претходно беше 400 денари, сега е 500 денари. Доколку споредиме со претходно, кога немаше субвенции, сега даваат.“

Од 5-ти овој месец течат роковите за земјоделците за поднесување барања за субвенционирање на индустриските градинарски култури, за грозјето, за домашно произведениот сертифициран семенски и саден материјал, за произведеното и предадено млеко од мај до септември годинава, како и за одгледани и предадени говеда. Крајниот рок за поднесување барања за субвенции за мерките од сточарското производство е 25 октомври, а за растителното 5 ноември.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG