Достапни линкови

Стандарите пречка за поголем извоз во Европа


Текстилна фабрика во Македонија
Текстилна фабрика во Македонија

Според податоците на Заводот за статистика, Македонија двојно помалку извезува, отколку што увезува. Експертите велат дека македонските производи мора да ги следат европските стандарди за да бидат поконкурентни на странските пазари.

,,Made in Macedonia" ова лого го имаат сите македонски производи, односно означува дека тој производ е направен во нашата земја. Но, колку ова лого ќе го сретнете на некој производ во странските земји. Колку нашите производи се присутни на нивните пазари? Според податоците на Државниот завод за статистика Македонија двојно помалку извезува, отколку што увезува. До август оваа година во земјава од извоз се остварени околу еден ипол милијарди долари, а за увоз се потрошени околу три милијарди. Тоа значи дека трговскиот дефицит кој ја претставува разликата на овие две дејности изнесува една милијарда и четиристотини илјади долари. Македонија најмногу извезува производи од металопреработувачката индустрија, односно железо и челик, фероникел и преработки од
Освен што досега сме продавале производи кои што биле крајно евтини како што се текстилните, ние други производи кои што може да конкурираат на странскиот пазар немаме
нафта, како и производи од текстил, а најмногу тргуваме со Германија, Италија, Русија и со нашите соседи Грција и Србија. Речиси половина од производите кои ги извезуваме одат во овие земји. Додека пак според индексот на глобална конкурентност на светскиот економски форум Македонија се наоѓа на 89 место од вкупно 143 земји од светот на листата. Овие податоци негативно влијаат врз домашната економија и се показател дека нашите производи не се конкурентни на странските пазари. Тие не се присутни надвор од земјава, затоа што немамаме што да им понудиме, освен оние малку производи што веќе го извезуваме, вели економскиот аналитичар Џевдет Хајредини.

,,Освен што досега сме продавале производи кои што биле крајно евтини како што се текстилните, ние други производи кои што може да конкурираат на странскиот пазар немаме."

Американската агенција УСАИД има проект за конкурентност со кој им помага на македонските компании, да го најдат својот пат до странските пазари. Нивните клиенти го зголемиле извозот над шест ипол милион долари за една година. Една од главните причини што нашите компании не можат да започнат да извезуваат е тоа што ги немаат сеуште воведено потребните стандарди, кои се бараат надвор за секој производ вели Јасминка Варналиева од УСАИД.

,,Пазарите во светот немааат големи бариери за македонските производи и стандардите се главната пречка што оневозможуваат на некои македонски производи да влезат на странските пазари и заради тоа нашиот проект се фокусира на поддршка на компаниите да обезбедат одредени сертификати и стандардизации за нивните производи што ќе им овозможат поголем извоз."

Агбиз е дел од проектот на УСАИД. Тие се сконцентрирани на земјоделството и како на оние што се бават со оваа дејност да им помогнат, да ја зголемат побарувачката на пазарот и да ги направат нивните производи поконкуренти надвор од земјава. Ние најпрвин им помагаме на фирмите да ги остварат потребните услови, бидејќи тие се појдовната точка за пласман на еден производ во некоја земја,
Пазарите во светот немааат големи бариери за македонските производи и стандардите се главната пречка што оневозможуваат на некои македонски производи да влезат на странските пазари
вели Наташа Станковиќ од Агбиз.

,,Македонските производи неможат да навлезат на странските пазари доколку немаат сертификати, не само ХАСАП што е задолжителен во Македонија, меѓутоа и Глобалкап кој што се бара од странските купувачи."

И регионалниот претседател на унијата на работодавачи Миле Чупетрески вели дека за освојување на пазарот треба производот да е според стандардите, бидејќи тие се показател дека тој е квалитетен.

,,Нас ни недостасува имплементацијата на минимум стандарди за освојување на пазарот кои што се многу потребни и стандардите се сепак одраз на квалитетот и процедурата за изготувањето на производот, што секако влијае на нашиот производ кој што би го пласирале на европските пазари."


Според Хајредини на Македонија ќе и треба време да го достигне нивото на пример на една Словенија, која речиси седумдесет проценти од своите производи ги пласира во земјите од ЕУ.

,,Македонија нема некои компаративни предности, природни погодности за да има некој атрактивен производ, државата треба да се бори да создаде производи што ќе конкурираат на европскиот пазар инаку на Македонија ќе и треба многу време за да произведе производи кои што ќе бидат многу квалитетни."

Критериумите на глобалниот светски пазар се многу високи и мора константно да се инвестира во знаење , во опрема и во развојот на компанијата, бидејќи тоа го прават сите кои сакаат да се наметнат на пазарот вели Александар Панов од една компанија од металопреработувачката индустрија, која извезува повеќе од деведесет проценти од своите производи.

,,Таму се високи стандардите, високи се критериумите, значи мора да се инвестира во знаење, во опрема, значи инвестициите практично треба да бидат без прекин. Ако тоа не се прави, неможе да се биде присутен на строгите европски пазари бидејќи таму конкуренцијата тоа истото го прави. Само може да опстанат изонредно квалитетни производи, доволно со цена прифатливи и со рокови."

Тие фирми што веќе го наметнале својот производ надвор, успеале поради нивната инвентивност и поради комуникацијата со луѓето од другите земји, кои исто така се занимаваат со оваа дејност, вели Чупетрески.
Таму се високи стандардите, високи се критериумите, значи мора да се инвестира во знаење, во опрема, значи инвестициите практично треба да бидат без прекин


,,Македонските производи кои што ги извезуваме, во помал број, се директно поврзани со зголемувањето на инвентивноста и комуникацијата со здруженијата од Европа, а кои што во некои од поголемите гранки најмногу и најбрзо би доаѓале со информации за фирмите кои што ги имаат тие производи и нормално дека би требало да ги покриваат и директивите од ЕУ, ако сакаме да го покриеме европскиот пазар."

Оние што планираат да освојуваат нови пазари треба да работа на своето производство и услуга. Но и да го слушнат мислењето на релевантните личности и институции од оваа област додава тој.

,,Настапот на меѓународните пазари, како и освојувањето на приматот на домашниот пазар се зависи од самиот процес на производство и услуга, а секако важно е да се исполнат и условите и потребното знаење за прифаќање пораки исто така од релевантните институции, асоцијации, нормално на професорите кои што ни укажуваат на странскиот пазар итн."

Кога ќе се постигнат стандардите што се бараат, за успех потребно е да се воспостават и одредени врски со пазарот на кој би се пласирале производите, вели Варналиева.

,,И за секој производ постои одредено ниво на квалитет кој што е неопходен, меѓутоа дури и да постои тоа ниво на квалитет потребно е да се воспостават одредени врски со пазарот."

Колку визната либерализација која ја очекуваме на почетокот на наредната година ќе им помогне на фирмите? Варналиева вели дека тоа ќе им ја олесни работата. Но од пресудно значење е квалитетот на производот. Доколку тој го нема, нема да има извоз ни тогаш.

,,Визната либерализација не е толку од пресудно значење, според мое мислење, за влегувањето на нашите производи на светски пазари. Тоа ќе им го олесни работењето на нашите деловни луѓе кои што ќе можат полесно да патуваат и да остваруваат тесни контакти со
Визната либерализација не е толку од пресудно значење, според мое мислење, за влегувањето на нашите производи на светски пазари. Тоа ќе им го олесни работењето на нашите деловни луѓе
своите купувачи во странство, меѓутоа за да можат производите да бидат извезени тие мора да постигнат одредено ниво н квалитет и да остварат одредени стандарди."

Отварањето на границите ќе ни овозможи на фирмите да имаат поголема и полесна фрекфенција и нема да има повеќе одредени административни ограничувања. Но критериумите не само што ќе останат, туку со зголемување на конкуренцијата тие ќе станат повисоки вели Панов.

,,Меѓународната организација воопшто нема да ги смени критериумите, напротив и од Македонија кон ЕУ и обратно, ќе доаѓаат се повисоки барања, ќе мораме ние или пак компаниите кои што досега можеле тоа од разни причини да го заобиколат, сега ќе мора да ги применат, да инвестираат."

Истото ќе се случи и на домашниот пазар сите фирми доколку сакаат да го продадат својот производ ќе мора да работат по европските стандарди, а тогаш можеби и ќе започнат да го извезуваат, додава Панов.

,,Слободниот проток на капитал на знаење ќе придонесе брзо како врзан сад, ние да се прилагодиме кон европските критериуми, а тоа сигурно дека нашата конкуренција на домашниот пазар, на домашниот производ ќе биде поизразена од надворшените пазари. Тоа треба да се свати не како страв, туку како натпревар."

Експертите очекуваат дека иако имаме голем увоз отворените граници со визната либерализација ќе донесат уште повеќе странски производи во земјава. Но тогаш тие ќе имаат и конкуренција од домашните производители во земјава. Како и да е според нив мора извозот да биде барем приближно ист колку и увозот, затоа што големата разлика помеѓу нив влијае и врз дефицитот на тековната сметка, односно парите што ги должи нашата земја во странство, а тоа се 408 милиони евра според последниот извештај на Народна банка за првите шест месеци од оваа година.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG