Достапни линкови

Успешни Македонци низ светот


Млади
Млади

Во огласите за вработување многумина млади лица во Македонија гледаат шанса за подобар живот. Приказни за успешните Македонци надвор од државата...

Ова е гласот на македонскиот тенор Благој Нацоски. Живее во Италија, негово работно место се светските познати оперски сцени.„Златното момче од Македонија“ пијанистот Симон Трпчевски годинава на големата турнеја со Бољшој оркестарот, настапи на серија концерти низ европските метрополи како Виена, Амстердам и Брисел. Добитник е на многу светски признанија и награди. Две години по ред најдобар стрелец во евролигата во ракомет е Кире Лазаров. Сега игра за загребски клуб. Петар Наумовски е еден од
Претпоставувам дека ќе беше многу потешко да стигнам до онаму до каде што сум во моментов, доколку останав да студирам во Македонија. Мислам дека го направив вистинскиот избор
најдобрите плејмеркери во евролигата во кошарка. Прогласен е за најдобар играч во Европа на годината и неколку пати по ред за најдобар плејмејкери во Европа. Наумовски е кандидат да влезе во халата на славните,односно да биде прогласен за еден од најдобрите европски играчи на сите времиња. Професорот Данило Глигоровски пред две години освои второ место на светскиот саем на иновации. Неговиот изум ја зголемува безбедноста во електронското комуницирање.Сега е професор на факултет во Холандија. Македонскиот амбасадор на културата, Благој Нацоски ја отвори сезоната во Националниот театар на Токио со операта „Отело“ од Џузепе Верди, каде го толкува ликот на Касио. Овој разговор го водевме после претставата.

„Ентузијазмот на публиката во сите мои досегашни настапи во Јапонија, ова е мое четврто гостување тука, публиката е со посебен ентузијазам и јас како по обичај два часа пред да започне одам во театарот и два часа пред да започне преставата, цела ,,река“ од луѓе ме чека на службениот влез за да им дадеме автограми. Денеска имаше и коктел забава со спонзорите на преставата.“

Во Македонија има одлив на талентирани луѓе велат експертите. Ја напуштаат земјава барајќи поголеми шанси за успех и подобри услови на пазарот на трудот.Нацоски по завршувањето на средното образование, заминал на студии во Италија. Својот глас го усовршил на Римската сцена.

Прага
„Претпоставувам дека ќе беше многу потешко да стигнам до онаму до каде што сум во моментов, доколку останав да студирам во Македонија. Мислам дека го направив вистинскиот избор.“
Имајќи во предвид и несигурноста и небезбедноста на нашето опкружување, вклучувајќи го едноставно и медиокритетот, односно просечноста на младиот човек и неможејќи во целост да се остварат желбите и целите и секао искушенијата пред кој што стои секој млад човек во нашата држава, мислам дека направив вистински потег со тоа што ја почнав мојата кариера надвор од границите на сопствената држава


27 годишниот Кирил Гелевски по дипломирањето на Еконскиот факулатет , посдипломските студии ги заврши во Прага. Веќе 4 години живее и работи таму.

„Имајќи во предвид и несигурноста и небезбедноста на нашето опкружување, вклучувајќи го едноставно и медиокритетот, односно просечноста на младиот човек и неможејќи во целост да се остварат желбите и целите и секао искушенијата пред кој што стои секој млад човек во нашата држава, мислам дека направив вистински потег со тоа што ја почнав мојата кариера надвор од границите на сопствената држава.“

Иселенички и работни визи, работа како бебеситерки во Германија, Франција, Велика Британија,се бараат градежни работници во Романија, Словенија, Црна Гора, некои заминуваат да печалат на брод во Европа и Америка, а други како сезонски работници во соседните земји, каде што работат како келнери, бармени, собарки. Вакви огласите го преплавуваат дневниот печат, електронските огласници и интернет порталите на агенциите кои посредуваат при наоѓање работа во странство. Многумина во овие огласи ја гледаат единствената шанса за подобар живот надвор од земјава:

„Јас сум лекар по општа медицина и мислам дека излезот е таму, бидејќи тука е тешко во однос на трудот како се вреднува, навистина е тешко.“

„Додека Македонија стои во место другите земји многу напреднаа. Дури и една Албанија има напредок, така што младината е многу разочарана овде.“

Од агенциите за посредување за работа во странство велат дека младите кои не се доволно квалификувани или образовани можат да наидат на проблеми при вработување во странство. Според податоци на една агенцијата од 15 до 30 илјади млади сакаат да најдат работа во странство.

„Сите бараат добро платена работа несвесни за тоа кои се предусловите за да се добие добро платена работа. Предуслови кои значат, извонредни високи квалификации, извонредно познавање на странски јазик и најважно од се поседување на работни документи.“

вели Зоран Кочоски од агенцијата за посредување за работа во странство. Експертите велат дека причина за одливот на млади луѓе се недоволните услови за создавање кариера. Младите чуствуваат дека средината не води доволно сметка за нивниот талент и за можноста да ги искористи во афирмирање на својата земја, вели социологот Антонела Петковска:

„За да може да ја афирмираат на младите треба да им се даде шанса да ја афирмираат и апсурдно е од нив таму некаде да се очекува патриотизам. Се разбира голем дел од младите радо би останале во својата земја, голем дел од нив би сакале и да се вратат во својата земја, се разбира бидејќи и припаѓаат на таа култура и се чувствуваат покомотни.“

Рим
Петковска дообјаснува дека понекогаш младите луѓе ја напуштаат земјата за да го задоволат своето интелектуално љубопитство и
Мора нешто итно да се преземе, доколку навистина сакаме здраво општество, односно со фактот дека невработеноста е со висок процент особено кај младите луѓе, се нарушува здравјето на младиот човек, нормално тука се и неубавите вести
потребата од размена на искуства. 40 проценти од младите во Македонија до 34 годишна возраст се невработени а за првото работно место дипломираните студенти чекааат и до 6 години покажало истражувањето на Балканската фондација за деца и млади. Статистичките податоци покажуваат на работа се надеваат околу 17.000 луѓе со завршен факултет. Речиси половина од таа бројка секоја година се пријавуваат во агенциите кои посредуваат за работа во странство. Состојбата е загрижувачка и е неопходно нешто да се преземе, вели Мики Трајковски од невладината организација „Млади за млади“.

„Мора нешто итно да се преземе, доколку навистина сакаме здраво општество, односно со фактот дека невработеноста е со висок процент особено кај младите луѓе, се нарушува здравјето на младиот човек, нормално тука се и неубавите вести.“

Од Агенцијата за млади и спорт велат дека имаат стратегија со која треба да ги задржат младите во Македонија и да им понудат подобри услови за живот.Во стратегијата се вклучени неколку сегменти како образование, култура, самовработување, квалитет на живеење и младинско информирање. Целта на стратегијата е вклучување на младите во општеството.

„Поголема конкурентност на младите на пазарот на трудот преку политика, сеопфатно образование согласно потребите на пазарот на трудот, развој на претприемаштвото, зголемено вработување на млади лица на локално ниво согласно потребите на пазарот на трудот преку изработка на соодветни планови.“

вели потпаролот на Агенцијата за млади и спорт Тане Димовски.

Минатата година, само преку „Коузон“, околу три илјади млади луѓе заминале на работа во странство. Претежно станува збор за млада популација на возраст од 21 па до 35 години. Кочовски посочува дека во првата половина на оваа година, бројот на оние што заминале на работа во странство е преполовен поради глобалната економска криза, високата стапка на невработеност во европските земји, како и поради строгиот систем на издавање работни дозволи.

„Она што е спорно во дадениот момент и со полна одговорност можам да кажам е дека сите млади ќе се обидат во две или три индустрии, најголем дел ќе се обидат да најдат работа во градежништвото, еден друг дел ќе се обидат да се вработат во туристичката индустрија или ресторанскиот дел.“

Експертите велат дека за да се задржат младите луѓе треба да се создадат механизми во кои ќе бидат вклучени младите луѓе. Треба да се инвестира во талентот кои го поседуваат и да се вреднува нивниот труд.

Магистерот Гелевски себе си се опишува како Македонец на привремена работа во Прага .

„Порано или подоцна ќе се вратам и ќе помогнам со моето искуство и знаење стекнато низ европските метрополи.“

Тенорот Нацоски смета дека со текот на времето талентираните луѓе кои живеат и работат во странство сами ќе си се поддржуваат меѓу себе.

„Кога ќе се зголеми бројот на такви луѓе, како мене, Симон Трпчевски и други кои сме успеале во меѓународни води ќе се створи екипа на луѓе, коишто ќе им помагаат и на другите на некој начин.“

Ако младите талентирани луѓе се чуствуваат посакувани во својата земја, убаво е и државата да ги испрати во странсво во потрага по нови знааење кои ќе можат да ги практикуваат во својата земја.Така со сигурност ќе се вратат назад вели социологот Петковска.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG