Дистрибутивната мрежа за електрична енергија е подготвена за претстојните празници а домашните капацитети произведуваат доволно струја за видно зголемената побарувачка на граѓаните, велат од надлежните компании. Експертите, од друга страна, велат дека системот е видно преоптеретен.
Ленче Карпузовска од австриската ЕВН вели дека дистрибутивниот систем е подготвен за празниците и не се очекуваат проблеми
„Оваа зима сепак не би требало да има поголеми проблеми, но сепак имајќи ја предвид реалната состојба во Македонија - а тоа е дека 80 отсто од граѓаните се греат на електрична енергија - тогаш реални се и очекувањата дека може да дојде до преоптовареност во некои делови на мрежата. Затоа и апелираме до граѓаните разумно да ја користат електричната енергија“
За сега нема официјални информации за тоа дали и колку ќе поскапи електричната енергија по празниците бидејки нема официјално соопштение од Регулаторната комисија, додава Карпузовска
„Сме доставиле соодветна документација и барани трошови од регулаторот, којшто понатаму ќе поцени колку тие трошоци можат да рефлектираат за зголемување на цената“
Домашните капацитети работат со полна пареа со што се произведува доволно струjа за потребите на жителите на земјава, вели портпаролот на државната ЕЛЕМ Мирче Котевски
„Во погон се сите електрани, координирано се испорачуваат потребните количини на системот, додека најголемиот стожер на нашиот електроенергетски систем РЕК Битола влегува во годинешната грејна сезона подготвен за максимално производство на електрична енергија“
Котевски посочува дека со падот на температурите викендов се зголемила и побарувачката
„Секогаш кога има пад на температурите, потребите од електрична енергија, нормално, се поголеми“
Според дел од упатените системот не е подготвен. Професорот Атанаско Туневски вели дека во изминатиов период имало примери на испади на системот поради зголемената потрошувачка
„Едноставно, системот тешко ги издржува овие ниски температури, односно зголемената потрошувачка на електрична енергија. Кога велам системот, мислам и на нисконапонскиот систем којшто е во надлежност на ЕВН Македонија и на високодистрибутивниот систем којшто е во надлежност на МЕПСО“
Кога паѓаат температурите под нулата а голем дел од популацијата веќе се преориентирала на греење на струја, веќе е доцна да се реагира, додава Туневски
„Кога ќе дојде зимата и кога температурата ќе падне на -10 и -15 степени, доцна е да се реагира било како. Требало шест месеци прано да се види како ќе се грееме оваа зима“
Оваа зима сепак не би требало да има поголеми проблеми со струјата

Сега е доцна да се реагира било како. Требало шест месеци порано да се види како ќе се грееме оваа зима