Со продажбата на државните записи Владата прави удар врз стопанството, велат експертите. Со дополнителното задолжување со кое треба да се дополни државниот буџет, Владата прави притисок врз пазарот на капитал и ги крева индирекно каматните стапки, тврдат експертите. Економистот Христо Карталов вели дека Македонија има ограничен пристап до капитал и со задолжувањето на државата кај бизнис заедницата таа станува конкуренција на пазарот на капитал.Со продавањето на државните записи се полни буџетот кој во моментов има дефицитно буџетско финансирање, вели Карталов.
,,Таа го избра најлошиот можен начин, да преку притисокот на пазарот на капитал и ограничената понуда на финансиски средства да ја крева каматната стапка и на тој начин да ја принудува исто така и Народната Банка да ја зголемува стапката."
Зоран Јовановски од опозициската СДСМ вели дека со задолжувањето на државата во странство и во земјата ги финансира своите потреби. Јовановски смета дека во долгорочен поглед е неприфатливо да се задолжува државата за исплаќање на плати и пензии.
,,Ако на пример, задолжувањето дома, задолжувањето преку државни хартии од вредност, за три месеци е зголемено за 42,4 милиони евра тогаш тоа е истиснување на приватниот сектор. Значи банките наместо да го кредитираат стопанството, купуваат државни хартии од вредност."
Потпаролот на министертвото за финасии, Ивана Билбиловска, вели дека издавањето на државните записи е неопходно за потикнување на подинамичен развој на финансиките пазари и финансирање на буџетските потреби.
,,Се издаваат хартии од вредност кои се шест и повеќе месечни, за разлика од поранешната практика на Министерството за финансии кога наплатата доспеваше за само еден месец."
Експертот Карталов вели дека со ваквите потези се создава парадоксална ситуација во економијата со која од финансиската криза треба да се извлечеме со високи каматни стапки.
,,Владата во оваа ситуација, во овој момент не се однесува домаќински, таа едноставно троши повеќе од можностите што стопанството може да ги направи и по секоја цена настојува да не отстапи од своите проекти и да дојде до финансиски средства. Јас воопшто не гледам со благонаклоност кон таквиот пристап на задолжување и таквиот притисок на финансискиот пазар."
Според експертите државата во иднина наместо да се задолжува повеќе треба повнимателно да го планира буџетот односно да троши онолку колку што има пари во самиот буџет.
Таа го избра најлошиот можен начин, да преку притисокот на пазарот на капитал и ограничената понуда на финансиски средства да ја крева каматната стапка
,,Таа го избра најлошиот можен начин, да преку притисокот на пазарот на капитал и ограничената понуда на финансиски средства да ја крева каматната стапка и на тој начин да ја принудува исто така и Народната Банка да ја зголемува стапката."
Зоран Јовановски од опозициската СДСМ вели дека со задолжувањето на државата во странство и во земјата ги финансира своите потреби. Јовановски смета дека во долгорочен поглед е неприфатливо да се задолжува државата за исплаќање на плати и пензии.
,,Ако на пример, задолжувањето дома, задолжувањето преку државни хартии од вредност, за три месеци е зголемено за 42,4 милиони евра тогаш тоа е истиснување на приватниот сектор. Значи банките наместо да го кредитираат стопанството, купуваат државни хартии од вредност."
Потпаролот на министертвото за финасии, Ивана Билбиловска, вели дека издавањето на државните записи е неопходно за потикнување на подинамичен развој на финансиките пазари и финансирање на буџетските потреби.
Значи банките наместо да го кредитираат стопанството, купуваат државни хартии од вредност