Достапни линкови

Се враќа довербата во берзата


Брокер
Брокер

Во изминативе три месеци македонската берза бележи нагорен тренд. Експертите сметаат дека берзата ќе остане имуна на евентуални потреси на светските берзи, а очекуваат големо опоравување следната година

Се враќа довербата кај инвеститорите на македонската берза. Во изминативе три месеци индексот на десетте најликвидни компании МБИ 10 бележи нагорен тренд, се согласуваат експертите и брокерите. Сепак, трендот не е ни на приближно ниво од минатата година.
И оној оптимизам кој провејуваше на светските, па и на регионалните берзи се пренесе и во Македонија. Мислам дека голем број од нив сфатија дека цените се на исклучително ниско ниво, а некои компании имаа смешни капитализации и од фармацевтската, од градежната индустрија, банките, така што се врати храброста кај инвеститорите и мислам дека направија добар потег според мене
Директорот на инвестицискиот фонд „Илирика Фонд менаџмент“ Александар Манев вели дека растот на индексот се должи на зголемената доверба на инвеститорите.

„И оној оптимизам кој провејуваше на светските, па и на регионалните берзи се пренесе и во Македонија. Мислам дека голем број од нив сфатија дека цените се на исклучително ниско ниво, а некои компании имаа смешни капитализации и од фармацевтската, од градежната индустрија, банките, така што се врати храброста кај инвеститорите и мислам дека направија добар потег според мене.“

Манев вели дека во иднина не би требало да се очекуваат поголеми потреси на домашниот пазар на хартии од вредност, дури и во случај на корекции на странските берзи

„Мислам дека македонската берза ќе остане имуна на некои потреси затоа што не го следеше трендот на пораст на странските берзи.“

Професорот Зоран Ивановски вели дека порастот на индексот е голем чекор напред по период на скромно тргување и пад на цените на акциите, феномен попознат меѓу инвеститорите како мечкин пазар.

„Порастот на берзанскиот индекс сепак во овој период може да се оцени не како скромен, туку како голем исчекор напред, затоа што сепак се присутни одложените ефекти на економската криза.“

Ивановски додава дека може да се очекува поинтензивен раст кон крајот на годинава

„И да очекуваме големо опоравување во следниот период, после Нова година.“

Инаку во изминатиов период тргувањето на берзата е поскромно од лани. За споредба, лани во септември бил остварен промет од 722 милиони денари од сите пазари. Годинава во септември на берзата бил остварен дупло помал промет од околу 356 милиони денари.
XS
SM
MD
LG