Достапни линкови

Работниците на ,,Искра Инженеринг“ на улица


Куманово
Куманово

Поранешниот индустриски гигант за метални конструкции во Куманово „Искра-инженеринг“ одамна не работи, а над 500 работници се социјални случаи без надоместок. Работниот стаж не им е платен до 3 години, а тие не се ниту стечајци, ниту технолошки вишок.

Поранешниот индустриски гигант за метални конструкции во Куманово „Искра-инженеринг“ одамна не работи, а над 500 работници социјални случаи без надоместок. Тие ги бараат нивните неисплатени 24 плати, осум плати отпремнина, акциите. Работниот стаж не им е платен до 3 години, а тие не се ниту стечајци, ниту технолошки вишок. Можеби се вработени фиктивно, велат тие, но фактички се на улица и без никаков статус. Тие чекаат судска разврска.

„Бараме 24 неисплатени плати. Слушнавме дека пристигнале некои наши неисплатени пари заработени во Русија или Ирак-не знаеме. Мал дел од 560 работници се примени кај Гркот кој ја купил фабриката, а поголемиот дел сме уличари.“
Ги бараме и 24 плати, отпремнина од 8 плати и акции кои сме ги платиле. Централен депозитар вели дека немаме акции, а ние една година месечно по 50 тогашни марки сме плаќале од платата. Од продадениот отпад добивме само по 3 илјади денари


Некогашните работници тешко живеат и велат:

„Немам никакви примања. Не примам ни социјална помош, а три деца имам и 23 години стаж како ракувач со машини.“

„90 отсто од вработените кај Гркот не се работници од „Искра“. Ветено е ама тој донесе работници од други градови, дури и од Албанија.“

„Ги бараме и 24 плати, отпремнина од 8 плати и акции кои сме ги платиле. Централен депозитар вели дека немаме акции, а ние една година месечно по 50 тогашни марки сме плаќале од платата. Од продадениот отпад добивме само по 3 илјади денари.“

Поранешните работници велат дека возниот и машинскиот парк бил раскрчмен, се сомневаат во проневера, стечајниот управник Зоран Стојанкиќ е во затвор, а од ветената благосостојба нема ништо, се жалат работниците. Тие очекуваат судска разврска.

„Веруваме во Законот, само ако се спроведува чесно. Зашто не ни е јасно како може да ни велат дека „Искра“ не постои веќе, а фабриката работи.“

Некогашниот индустриски гигант по својата работа и рејтинг познат во светот не постои. Објектите ги користи грчки бизнисмен, но како тоа е реализирано работниците не знаат. Знаат само дека нивната егзистенцијална состојба е загрозена, дека се измамени и се сомневаат во проневера.К ој ја направил не им е познато.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG