Во услови на глобализација и трговска размена на светско ниво домашниот пазар е преплавен од евтини неквалитетни производи. Тоа најмногу ги погаѓа домашните фирми, кои поради малите цени на ваквите увозни производи неможат да го наметнат на пазарот својот производ. Сопственикот на фирма за пластични материјали Ангеле Илиевски вели дека нелојалната конкуренција од странство има влијание врз нивната заработувачката и бизнисот.
„Толку има нелојална конкуренција од Кина, од ваму – таму, што ако произведам квалитетен чадор ме руши тоа што мојот чадор што вреди да кажеме 200 евра, на кинески пазар е 70 евра, а во квалитет неспоредливо.“
Повеќето од земјите во светот наоѓаат начин, како да го заштитат домашното производство со тоа што не го стопираат увозот на овие производи, но воведуваат мерки со кои го намалуваат вели професорката по трговско право Марија Потевска.
„Не викаме отворено не примаме такви стоки, не запираме увоз, но со други мерки ќе направиш увозот да биде помалку возможен. Тука треба да се најде начин како да се запре таа нелојална конкуренција и се заштитува домашното производство, инаку ние би биле преплавени од производи. Зошто да увезуваме млеко кога имаме дома млеко?“
Проблем е нискиот стандард во земјава, поради кој луѓето гледаат да потрошат помалку пари. Затоа трговците увезуваат понеквалитетни, евтини производи вели Потевска.
„Затоа што се разбира нашиот народ е сиромашен, мала е куповната моќ. Трговците сметеат дека ако увезат поефтини производи ќе имаат пласман на домашниот пазар.“
Стопанската комора на Македонија реагирала до надлежните органи да ја зголемат контролата на ваквите производи. Тие им штетат на фирмите кои работат според светските стандарди вели еден од директорите на комората Ацо Спасовски.
„Такви стоки со сомнително потекло доаѓаат со дампинг цени и предизвикуваат нелојална конкуренција за други компании на пазарот кои ги почитуваат стандардите за производство на своите производи.“
Поради светската економска криза некои земји решија уште повеќе да се свртат спрема домашното производство се со цел да ги ублажат последиците и да им помогнат на фирмите полесно да ја пребродат кризата.
Толку има нелојална конкуренција од Кина, од ваму – таму, што ако произведам квалитетен чадор ме руши тоа што мојот чадор што вреди да кажеме 200 евра, на кинески пазар е 70 евра, а во квалитет неспоредливо
„Толку има нелојална конкуренција од Кина, од ваму – таму, што ако произведам квалитетен чадор ме руши тоа што мојот чадор што вреди да кажеме 200 евра, на кинески пазар е 70 евра, а во квалитет неспоредливо.“
Повеќето од земјите во светот наоѓаат начин, како да го заштитат домашното производство со тоа што не го стопираат увозот на овие производи, но воведуваат мерки со кои го намалуваат вели професорката по трговско право Марија Потевска.
„Не викаме отворено не примаме такви стоки, не запираме увоз, но со други мерки ќе направиш увозот да биде помалку возможен. Тука треба да се најде начин како да се запре таа нелојална конкуренција и се заштитува домашното производство, инаку ние би биле преплавени од производи. Зошто да увезуваме млеко кога имаме дома млеко?“
Проблем е нискиот стандард во земјава, поради кој луѓето гледаат да потрошат помалку пари. Затоа трговците увезуваат понеквалитетни, евтини производи вели Потевска.
Не викаме отворено не примаме такви стоки, не запираме увоз, но со други мерки ќе направиш увозот да биде помалку возможен