Стотици играорци од Балканот и пошироко неделава дефилираат низ Охрид, каде со традиционалниот фолклор, песна,игра и носии настапуваат на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Фестивалот започна со концерт на нашиот професионален ансамбл "Танец", а деновиве публиката има можност да ги види културно-уметничките друштва од Бугарија, БИХ, Полска, Турција,Словачка, Хрватска, Турската Република Северен Кипар,Косово, Грција,Србија, Нигерија и Македонија.
,,Концепцијата е Балканските земји да имаат присуство на фестивалот. Значи не се откажуваме од Балканските земји, но тенденција ни е да имаме и по некоја земја од Европа, но ако може и нешто поегзотично од подалеку, нешто што немаме видено, некој фолклор што е многу далечен од овие наши европски простори"
вели Драгана Боцевска, директорка на Центарот за култура во Охрид, што заедно со Министерството за култура и Парламентот го организира фестивалот, на кој настапуваат и ансамбли од Грција и од далечната Нигерија.
,,Грците кои ќе гостуваат се од северниот дел на земјата и ќе се претстават со фолклорот карактеристичен за делот кај Овачаране, Леринско. А Нигеријците се од групата "Африканска уметност и култура" и тие ќе ни го понудат тоа што е автентично за нивниот бир, што е малку поинакво поимање на она што е народно, но сепак во нивен дух, нешто доста подалечно и многу егзотично за нас,"
вели Боцевска. Меѓу учесниците на фестивалот е професионалниот ансамбл "Тракија" од Пловдив-Бугарија.
,,Сме учествувале на многу фестивали низ цела Европа. Тие се слични и на нив се среќаваат многу играорци,музичари,творци и уметници кои дел од себеси оставаат на сцената и кај публиката. Охрид е чудесен град, со богатата историја и традиција тој е културна престолнина на Балканот и тука се чувствуваме добро. Ансамблот Тракија повеќе пати настапувал во Македонија, но на овој фестивал е за прв пат со шаренолика музичко-танцова програма од различни краеви, Тракија, Пиринска Македонија и од источна Бугарија."
вели Димитар Христов, главен диригент на ансамблот "Тракија" од Бугарија.
,,За прв пат сум во Охрид, каде фестивалот и публиката се прекрасни. По настапите другаруваме со фолклористи од други земји учесници, а шетаме и низ убавините на градот. Јас во овој ансамбл играм од мојата 12-та година и ќе продлжам и натаму. Прекрасно е кога хобито ти станува професија."
вели Десислав Попов играорец од Бугарија. 48-мото издание на Балкански фестивал на народни песни и игри ќе биде затворен во сабота, на 11-ти јули. Него го следи бројна публика од земјава и странски туристи што бесплатно ги посетуваат концертите на Долни Сарај, отворената летна сцена во стариот Охрид. Во рамките на фестивалот е и изложбата "Староградска Македонска архитектура" од Марјан Ризовски во Центарот за култура.