Претседателот Барак Обама при пристигнувањето во Москва изрази увереност дека на разговцорите со претседателот Дмитриј Медведев ќе постигнат, како што рече, извонреден напредок за широк спектар прашања.
,,Соединетите држави и Русија имаат повеќе заеднички отколку работи што ги разликуваат. Ако работиме напорно во наредниве неколку денови ние ќе можеме да постигнеме извонреден напредок од кој ќе имаат корист народите на двете земји.,,
Изјави Обама пред почетокот на разговорите во Кремљ. И претседателот Медведев изрази надеж дека разговорите ќе резултираат созатворање на тешките страници од историјата на руско американските односи.
,,Нашите земји се соочуваат со разни проблеми, кои сега заедно ќе ги решаваме, вклучувајќи ги економските и безбеносните проблеми, како и прашањето за редукцијата на стратегиското оружје. Мислам дека имаме добра шнаса да донесеме важни и неопходни одлуки за целата агенда на разговорите.,,
Изјави Медведев. Претходно, во Москва беше соопштено дека Русија и Соединетите држави постигнале договор за заедничката декларација за нуклеарното разоружување што треба да ја потпишат претседателите Барак Обама и Дмитри Медведев. Белата Куќа вчера ја најави можноста двајцата лидери денеска да постигна прелиминарен договор за нуклеарното разоружување. Но од друга страна се појавија извесни проблеми особено околу американскиот антиракетен штит. Имено, Обама изјави вдека ќе инсистира на дозвола од Москва за транспорт на оружје преку руска територија за НАТО силите во Авганистан. Медведев веќе изјави дека тоа би можело да биде прифатено само ако Вашингтон се откаже од антиракетниот систем во Европа. Според Обама, тие две работи не треба да се поврзуваат. Кога Вашингтон и Москва ги подобруваат односите, соседите на Русија стануваат нервозни. Па кога претседателот Барак Обама се заложи за ресетирање на американско руските односи кои паднаа на најниско ниво од Студената војна, очигледно е страхувањето во Грузија и во Украина.
,,Има страхување дека би можело да дојде до некаква трговија меѓу Соединетите држави и Русија. Нешто како Русија ќе ги поддржува американците во Авганистан, а Вашингтон ќе ја жртвува поддршката на Грузија.,,
Вели аналитичарот Гиа Нодиа од Меѓународниот центар за Кавказ со седиште во Тбилиси, кој додава дека и во Украина, која заедно со Грузија се стреми да влезе во НАТО, постојат слични страхувања.
,,Соединетите држави и Русија имаат повеќе заеднички отколку работи што ги разликуваат. Ако работиме напорно во наредниве неколку денови ние ќе можеме да постигнеме извонреден напредок од кој ќе имаат корист народите на двете земји.,,
Изјави Обама пред почетокот на разговорите во Кремљ. И претседателот Медведев изрази надеж дека разговорите ќе резултираат со
Ако работиме напорно ќе можеме да постигнеме извонреден напредок од кој ќе имаат корист народите на двете земји...
,,Нашите земји се соочуваат со разни проблеми, кои сега заедно ќе ги решаваме, вклучувајќи ги економските и безбеносните проблеми, како и прашањето за редукцијата на стратегиското оружје. Мислам дека имаме добра шнаса да донесеме важни и неопходни одлуки за целата агенда на разговорите.,,
Мислам дека имаме добра шнаса да донесеме важни и неопходни одлуки за целата агенда на разговорите...