Достапни линкови

Обама во Москва


Претседателот на САД Барак Обама
Претседателот на САД Барак Обама
Односите меѓу Америка и Русија не се заладени, вели конгресменот Роберт Векслер во интервју за Радио Слободна Европа. Пред официјалната посета на американскиот Претседател Барак Обама во Москва, руските власти почнаа воени вежби во Грузија а истовремено вложуваат напори и за обновување на односите со НАТО по минатогодишната војна на грузиска територија.
Запрашан дали НАТО ги жртвува своите идеали за Грузија, конгресменот Вексплер за Радио Слободна Европа одговара:

"Грузија е важен аспект во американско – грузиските односи и очигледно, оваа земја е важен аспект во американско – руските односи исто така. Претседателот Барак Обама патува за Русија и сметам дека тоа го прави со цел да ги подобри односите меѓу САД и Русија за повеќе прашања. Да, Грузија е важна и ние би сакале да бидеме сигурни дека Русија нема да го загрози суверенитетот на таа земја. Но сепак, американско – руските односи од многу аспекти се комплицирани"
Демократскиот Конгресмен Роберт Векслер - интервју за РСЕ во Прага


Посебно актуелна тема во медиумите беше обновувањето на спогодбата СТАРТ која Русија и Америка ја потпишаа во 1991 година. Спогодбата ги обврзува двете страни да го намалат својот нуклеарен арсенал. Документот престанува да важи во декември годинава. Векслер вели дека и САД и Русија би имале придобивки од помалкуброен нуклеарен арсенал.

"Не знам дали тоа ќе се случи до крајот на оваа година, но сепак станува збор за нешто што и двете земји го идентификуваа како важно за безбедносните интереси. Во изминативе неколку години имавме тешки и турбулентни односи со Русија. Ова е многу важно прашање. Доколку добро ни тргнат разговорите за ова прашање, за кое има неусогласени мислења, сметам дека позитивниот однос кој ќе се создаде може да отвори подобри можности за разговорти за другите прашања"

Пред да ја превземе функцијата конгресмен, Роберт Векслер беше советник на американскиот Претседател Барак Обама за Блискиот Исток. Посебно актуелни од овој реон се немирите во Иран кои настанаа по претседателските избори кои се одржаа на дванаесетти минатиот месец. За одлуката на Претседателот Обама САД да не се меша во случувањата во Иран американскиот конгресмен вели:

"Станува збор за ирански момент, што не е американски момент. Тоа е ирански момент кога жителите на Иран мора да ја детерминираат својата иднина и нивната судбина. Дали ние, Соединетите Американски Држави имаме обврска да ги подржиме иранците кои бараат поголема слобода и човекови права? Секако. Претседателот Обама го стори тоа на многу директен и недвосмислен начин".
XS
SM
MD
LG