Достапни линкови

Самит во Москва, руските соседи стравуваат


Американскиот претседател Барак Обама за време на дводневната посета на Русија ќе разговара со рускиот претседател Дмитри Медведев за намалување на нуклеарните арсенали на двете земји.

Претседатлот Обама исто така ќе инсистира на дозвола од Москва за транспорт на оружје преку руска територија за НАТО силите во Авганистан. Медведев веќе изјави дека тоа би можело да биде прифатено само ако Вашингтон се откаже од антиракетниот систем во Европа. Според Обама, тие две работи не треба да се поврзуваат. Кога Вашингтон и Москва ги подобруваат односите, соседите на Русија стануваат нервозни. Па, кога претседателот Барак Обама се заложи за ресетирање на американско руските односи кои паднаа на најниско ниво од Студената војна, очигледно е страхувањето во Грузија и во Украина.

,,Има страхување секако дека би можело да дојде до некаква трговија меѓу Соединетите држави и Русија. Нешто како Русија ќе ги поддржува американците во Авганистан, а Вашингтон ќе ја жртвува поддршката на Грузија.,,

Вели аналитичарот Гиа Нодиа од Меѓународниот центар за Кавказ со седиште во Тбилиси, кој додава дека и во Украина, која заедно со Грузија се стреми да влезе во НАТО, постојат слични страхувања.

,,Нема повторно да ги уверуваме или да тргуваме или пак да им дадеме нешто на русите во врска со проширувањето на НАТО. Нема поради обновата на врските со Москва да ги напуштиме добрите односи со Украина и Грузија.,,
Има страхување секако дека би можело да дојде до некаква трговија меѓу Соединетите држави и Русија...

Изјави Мајкл Мекфоул, директор во американскиот Совет за национална безбедност. Во обид да ги убеди во тоа во текот на месецов во овие две земји ќе престојува потпретседателот Џо Бајден. Интеграцијата на Грузија и на Украина во западните институции се искомпликува од политичките кризи во двете земји. Во Грузија веќе неколку месеци траат протестите против претседателот Михаел Саакашвили, а Украина политички е парализирана од борбата за власт меѓу претседателот Виктор Јушченко и премиерот Јулија Тимошенко. Кон ова и податокот дека Украина, за разлика од Грузија која е обединета во желбата да стане членка на НАТО, за ова прашање останува поделена.

,,Се што денес се случува во Украина повеќе е подмачкано со амбициите на Русија за голема држава, отколку со американските демократизациски цели.,,

Оценува Јевхен Камински од Институтот за Глобални економски и меѓународни односи во Киев.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG