Бизнисот си е бизнис. Тоа што Македонија нема склучено дипломатски односи со Косово не влијае на трговската размена, велат бизнисмените и експертите. Тој пазар е значаен за земјава првин поради близината, а и по тоа што во Косово се навиканати на македонски производи, коментираат бизнисмените. „Европа “ фабриката за чоколади и кондиторски производи со години извезува на Косово. Од таму велат дека досега немале пречки во тровската размена.
„Ние имаме многу добар претставник во Косово којшто зема доста од нас, многу сме задоволни од количината што ја извезуваме во Косово.“
И од винаријата „Бовин„ велат дека имаат добри односи со нивните партнери од Косова и дека сега за сега политиката нема влијание врзнивниот бизнис.
„Пред и по прогласувањето на независноста немаше импликации во соработката со фирмите, се оди нормално и сите го гледаат интересот во бизнисот.“
вели Горѓи Тренев.
Досега податоците за размената со Косово беа во пакет со Србија и со Црна Гора. Експертите посочуваат дека статистички земјите треба да се раздвојат за да може точно да се види колку Македонија извезува на Косово. Статистиката е важна основа за правење бизнис-стратегии и развојни планови, велат тие.
„Во поново време, почнаа да ги двојат, но официјално податоците за Косово не се достапни. Вкупната размена во регионот е во постојан пораст и Македонија остварува суфицит во таа размена,“
вели професор Ирена Кикеркова.
Во услови на растечки трговски дефицит и глобална економска криза, косовскиот пазар е добра шанса која треба да се искористи, се согласуваат бизнисмените. Македонија е најголем извозник на Косово и учествува со близу 20 проценти во вкупниот увоз. Годишната трговска размена помеѓу Македонија и Косово се движи од 250 до 270 милиони евра. Околу 30% од македонскиот извоз се нафта и нафтени деривати. Извезуваме и цемент, градежни материјали, безалкохолни пијалаци, челични конструкции и обработен тутун, а увезуваме железен отпад, електрични машини и опрема, железни преработки и брашно.
Пред и по прогласувањето на независноста немаше импликации во соработката со фирмите, се оди нормално и сите го гледаат интересот во бизнисот
„Ние имаме многу добар претставник во Косово којшто зема доста од нас, многу сме задоволни од количината што ја извезуваме во Косово.“
И од винаријата „Бовин„ велат дека имаат добри односи со нивните партнери од Косова и дека сега за сега политиката нема влијание врзнивниот бизнис.
„Пред и по прогласувањето на независноста немаше импликации во соработката со фирмите, се оди нормално и сите го гледаат интересот во бизнисот.“
вели Горѓи Тренев.
Во поново време, почнаа да ги двојат, но официјално податоците за Косово не се достапни. Вкупната размена во регионот е во постојан пораст и Македонија остварува суфицит во таа размена