Битола ја тресе нов бран работнички протести. Штрајкуваат работниците од битолската Фабриката за шеќер, протестираат стечајците од Жито Битола и Пиварницата, како и камионџиите од Транскоп-товарен сообраќај. На нозе станаа заради неисплатени плати и придонеси од компаниите, ниски лични примања. Стотина работници од некогашниот мелничко-пекарски гигант Жито Битола кој две години е во стечај побаруваат неисплатени плати и придонеси за две и повеќе години.
,,Во фирмата има двајца правници. Ете, гледате, а во фирма што работи имаат по еден правник, а адвокати плаќаат при секое одење на суд. Тие пари се мои зашто мене и на сопругот 10 илјади евра ни должите, а им плаќате на адвокатите, на некои ваши пријатели што ги чувате овде, на вашиот личен шофер. А ние вака што бевме по двајца од семејство, што останаа без егзистенција, на никој не му помогнавте."
вакви вербални пресметки затекнавме деновиве меѓу стечајците од Жито Битола и стечајниот управник. Да не станат стечајци сеисплашени и камионџиите од битолски Транскоп, фирма која подолго време се дави во долгови.
,,Не ни ги исплаќаат редовно платите, ни должат по седум плати. Ги имаме сите тужено за платите, судството ги влечка тие тужби по три-четири месеци, а по закон треба да се реши за еден месец. За тоа време плаќа свое лично обезбедување од парите на фирмата."
изјавија Ќире Илиевски и Пецо Танчевски, шофери во фирмата повеќе од 30 години.
Веќе два месеца протестираат и шеќеранци за повисоки плати. Тие се жалат дека за ова време раководството на нивните места ангажира сезонци, кои немаат положено стручни испити за да работат во производство.
,,Уште поголема штета на работниците во Шеќерана донесе и Основниот суд во Битола со пресуда дека го забрани овој штрајк. Ние сметаме дека штрајк не може да се забрани во судска постапка зашто беше навремено најавен. "
,,Одредена група на луѓе од работниците кои не беа во штрајкот заедно со вработени сезонци произведуваат шеќер, со опасност од хаварија. Фактички тоа е притисок врз нас да го прекиниме штрајкот и да почниме да работиме без да ни се задоволат нашите барања. Не можат луѓе од улица, да водат кампања и да преработуваат шеќер."
велат Живко Данески и Драги Лингуровски.
Поради ваквите протести атмосферата во градот наликува како пред десетина години кога по неуспешната приватизација пропаднаа големите фабрички гиганти Битолатекс, Прогрес, Монтинг и илјадници работници останаа на улица.
,,Во фирмата има двајца правници. Ете, гледате, а во фирма што работи имаат по еден правник, а адвокати плаќаат при секое одење на суд. Тие пари се мои зашто мене и на сопругот 10 илјади евра ни должите, а им плаќате на адвокатите, на некои ваши пријатели што ги чувате овде, на вашиот личен шофер. А ние вака што бевме по двајца од семејство, што останаа без егзистенција, на никој не му помогнавте."
вакви вербални пресметки затекнавме деновиве меѓу стечајците од Жито Битола и стечајниот управник. Да не станат стечајци се
Не ни ги исплаќаат редовно платите, ни должат по седум плати. Ги имаме сите тужено за платите, судството ги влечка тие тужби по три-четири месеци, а по закон треба да се реши за еден месец