Со четири албумски објави зад себе како деби изданието со името на бендот од 1998, Изохронија објавен во 2002, Свиленкаст пат – четири години подоцна и Reductio ad Absurdum од 2010 и згора на тоа со голем број на успешни настапи на сцените во Македонија и во земјите од регионов, СТРИНГ ФОРСИС во нешто повеќе од деценија и половина израснаа во една од перјаниците на современата домашна музичка сцена која во својата понуда умешно ги вкрсти експерименталната, психоделичната и електронската звуковност со традиционалните автохтони ритми од нашето поднебје.
Формирани кон средината на 1995 година и првично делувајќи под етикетата Нашински звук, а потем и како први потписници за Профундус, тие своето огнено крштевање пред публиката го имаа нецела година подоцна на прославата на петгодишнината од Канал 103, радиото на кое органски му прилегаше потребата да ги крепи и афирмира визиите на новите генерации овдешни музичари.
Од таму, разбирливо е што, во месецот во кој фокусот ќе биде насочен кон бројните активности за одбележување на новиот голем јубилеј на овој слободарски медиум, СТРИНГ ФОРСИС се решаваат својата 15-годишнина од првиот концерт да ја сторат под истиот свод – во клубот на Младинскиот културен центар. Настапот ќе се одржи во петок на 6 мај од 21 часот и замислен е како 4 часовно мултимедијално патешествие низ сите фази од постоењето на составот. Ќе започне со отворањето на изложбата на фотографии на Влатко Чачоровски, потем ќе следува проекција на документарен филм и ќе кулминира со акустична изведба на селектирани композиции од досегашното творештво.
„Во рамки на концертот ќе има и изложба на фотографии на Влатко Чочоровски, кој е некако неофицијален фотограф на бендот, ќе има кратко документарец и нормално нашиот настап на кој ќе има и песни кои можеби поретко ги изведуваме или во малку поинаква изведба“, вели Дориан Јовановиќ.
Крај него како инструменталист на бас и задолжен за електроника на сцената ќе бидат Александра Мангаровска Миличевиќ – вокал и флејта, Александра Кузман на виолина, Ади Имери – гитари и Лазар Дарковски на тапани.
Тој дополнува дека постои можност, согласно пројавениот интерес на публиката, СТРИНГ ФОРСИС да го репризираат концертот веќе наредниот ден во истиот простор и дека се возможни уште неколку такви свирки во поголемите градови од Македонија, но дека на славеничката атмосфера би и се препуштиле само до крајот на мај оти веднаш потоа влегуваат во студио за да го работат материјалот за својата нова, петта по ред, студиска објава.
„Нема премногу да останеме заглавени во тоа дека сега тоа треба да го повторуваме или да посветуваме толку многу внимание, некако мислевме дека можеби треба да посветиме колку толку внимание кога веќе ја утнавме десетгодишнината.“
Инаку, враќајќи се наназад во времето, Јовановиќ забележува дека во изминатата деценија и половина, согласно музичарите кои делувале во составот како Алфрида Тозиева на виола, Александар Стојанов – вокал и гитара или Паскал Краповски – виолончело, СТРИНГ ФОРСИС минувале низ различни трансформации, но секогаш останувале доследни на потребата да останат свои и оригинални во потрагата.

Во рамки на концертот ќе има и изложба на фотографии на Влатко Чочоровски, кој е некако неофицијален фотограф на бендот, ќе има кратко документарец и нормално нашиот настап на кој ќе има и песни кои можеби поретко ги изведуваме или во малку поинаква изведба.