Достапни линкови

Концерт во Софија на Мјузик прогресив квартет


Центарот на Софија
Центарот на Софија

Во Чешкиот културен центар во Софија, а во организација на Културно информативниот центар на Република Македонија во Бугарија, во тек е концертот на скопскиот МЈУЗИК ПРОГРЕСИВ КВАРТЕТ, кој во ова соседна земја ќе се претстави со својата синтеза на традиционалниот македонски фолклор, џезот и класичната музика.

Иако планиран за крајот на ноември минатата година, концертот на МЈУЗИК ПРОГРЕСИВ КВАРТЕТ во Софија, на кој патем ќе биде промовиран нивниот одличен деби албум Стрим, доаѓа во вистинското време како показ систематскиот пробив на интернационалната сцена на уште еден македонски состав кој се одликува со оригиналниот пристап на нашето културно-уметничко наследство. МЈУЗИК ПРОГРЕСИВ КВАРТЕТ, формиран пред три години, е камерен музички ансамбл во кој членуваат Владимир Лазаревски на обоа, англиски рог и ерменски дудук, Владимир Крстев на виолина и тамбура, Марко Виденовиќ композитор и аранжер, инструменталист на виола и Паскал Краповски на виолончело. Се работи за веќе искусни академски музичари и инструменталисти, членови на Македонската филхармонија и на Оркестарот на Македонската опера и балет, наедно и изведувачи кои досега музицирале со групи како ПРОЏЕКТ ЖЛУСТ, СТРИНГ ФОРСИС и други, а во случајов обединети околу идејата да донесат нешто ново и свежо не само на македонската туку и воопшто на светската музичка сцена.
Дојдовме на идеа да направиме еден нетрадиционален, не гудачки, бидјеќи нели има обоа, виолина и чело, кој што ќе има некоја авторска музика, не класика, нешто што е традиционално македонско, но отсвирено на класични инструменти


,,Дојдовме на идеа да направиме еден нетрадиционален, не гудачки, бидјеќи нели има обоа, виолина и чело, кој што ќе има некоја авторска музика, не класика, нешто што е традиционално македонско, но отсвирено на класични инструменти."

истакнува Владимир Лазаревски гласноговорник на МЈУЗИК ПРОГРЕСИВ КВАРТЕТ. Инаку, тие досега со успех се претставија во Македонскиот културен центар во Њујорк, во храмот Христос Спасителот во Москва каде свиреа во рамките на меѓународната манифестација Денови на словенската писменост и култура и во познатиот виенски џез-клуб Порги и Бес каде беа дел од македонската музичка експедиција која на извонреден начин ја претстави нашата современа музика.

,,Има најави за повторно целовечерен концерт во Москва, како најави за неколку концерти во Израел."

дополнува Лазаревски. На концертот во Софија МЈУЗИК ПРОГРЕСИВ КВАРТЕТ музицираа придружувани од вокалистката Македонка Цветкова Виденовиќ и бугарскиот басист Димитар Каранфилов, а наскоро влегуваат во студио за да ги снимат композициите кои ќе се најдат на нивниот втор албум чие излегување е планирано за средината на оваа година.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG