МУГЕР ФУГЕР, СТРИНГ ФОРСИС, БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА, ПИ ЕМ ЏИ КОЛЕКТИВ, ЉУБОЈНА, Сашко Костов, Девојка, РАСПЕАНИ СКОПЈАНИ...диџеите Соња Исмаил, Нино Наумов, Мирко Попов, Гоце – САФ...се само некои од учесниците на хуманата акција насловена како СРЦЕ ЗА ЈАПОНИЈА што оваа среда, на неколку сцени, ќе се одржи во Младинскиот културен центар . Се работи за искрен потег на генерациите длабокомислечки креативни луѓе кои иако главно родени по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, многу посилно од институциите го поимаат животот во Градот на солидарноста и потребата да се биде хуман тогаш кога е најпотребно.
„Она што сакаме да го направиме е еден гест со кој сакаме да го искажаме нашиот став, да ја искажеме нашата волја да бидеме во овие тешки мигови со тие луѓе, да кажаме дека мислиме на нив и дека во исто време сме благодарни за тоа што имаат направено за нас, на крајот на денот ќе го паметиме Кензо Танге“, истакнува Мирко Попов, кој на овој мини-фестивал ќе настапи како диџеј и со својот состав ПИ ЕМ ЏЕ КОЛЕКТИВ.
Со слична размисла е и пејачката Вера Милошевска - Јосифовска од составот ЉУБОЈНА, која дополнува декатие како уметници она што можат да го сторат е пред се преку сопствената музика да ја споделат трагедијата што по земјотресот и потоа цунамито ги снајде жителите на Јапонија.
„Љубојна често настапува на хуманитарни концерти, секаде каде што треба да се покаже некаква солидарност. Музиката е пораката испратена некому со кој во моментот сакаш да ја споделиш, ако неможеш на друг начин да му погнеш.“
Кон ова уште информацијата дека билетите за ова случување се со симболична цена, по 200 денари и дека собраните средства ќе им бидат донирани на организациите кои што се грижат за санирање на штетите во оваа нам пријателска земја од далечниот Исток.