Достапни линкови

Чалгија саунд систем со деби албум


Со концерт во киното Фросина, во МКЦ во Скопје, деновиве беше промовиран деби албумот на ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ, составот кој ја негува старата македонска урбана музика.

ЧАЛГИЈА САУНД СИТЕМ е состав формиран во 2008 година од група на млади луѓе кои претходно беа ангажирани во неколку проекти со слична музичка ориентација како КАЛДРМА, БИДИЧАЛГИ и СТРИНГ ФОРСИС. Во него членуваат Добрила Грашеска – вокал, Александра Кузман на виолина, Бошко Мангаровски – канун, Филип Крстевски – дајре и тарабука и Дориан Јовановиќ на ут, а нивната идеја за овој проект не беше само да посегнат по старата македонска чалгаџиска традиција, туку и да создаваат свои авторски композиции
Го има она древното, но во исто време она што мене многу ми се допаѓа
џез.
во тој дух. По бројни настапи на сцените во државава, ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ во декември минатата година, во студиото на телевизија Алфа, го снимија материјалот за својот првенец, албумот што го носи името на составот.

„Ова е на некаков начин наша прва фаза, овој албум каде што се држиме стриктно до традицијата. Се трудиме и како состав и начинот на кој што ги свириме композициите да бидат што поверодостојни на она што сме го слушнале. Понатаму веројатно ќе следи материјал кој што ќе биде чалгиски инспириран меѓутоа и изведен во попроширен состав“, вели Дориан Јовановиќ кој е продуцент на ова остварување.
Ова е на некаков начин наша прва фаза, овој албум каде што се држиме стриктно до традицијата. Се трудиме и како состав и начинот на кој што ги свириме композициите да бидат што поверодостојни на она што сме го
слушнале.


Инаку, снимател на 18-те чалгиски композиции кои беа забележани во живо, беше Ален Хаџи Стефанов, кој од своја страна за проектот знае да каже:

„Го има она древното, но во исто време она што мене многу ми се допаѓа џез, претежно унисона музика, музика која се свири како ансамбл, нема индивидуалци, не отстапува, во тие плетенки од линии, како да има мала слобода на отстапувања.“

По перформансот во МКЦ и првиот сингл од оваа објава со песната Ајде вино пијам, ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ ќе ја започне и промотивната серија на концертни настапи, за што Јовановиќ дополнува:

„Ние постојано имаме настапи и низ Скопје и низ Македонија и по различни фестивали и приредби, и нема некој посебен план за ваков вид на настапување, иако ова е музика што заслужува еден малку формализиран начин на претставување.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG