Наместо образованието, партиската припадност стана клучен фактор кај младите во обезбедувањето на вработување, бидејќи тие така најлесно ќе си остварат сигурна иднина, велат експертите. И граѓаните се сложуваат дека единствената перспектива во државата, особено за младите не е дипломата и квалитетот, туку партиската книшка.
„Никој веќе не го гледа образованието и другите квалитети, обично секогаш се гледа по партиска линија.“
„Партиска линија, роднинска линија, тоа се основните правила, друго нема, а дури на трето место се вреднува знаењето.“
„Се е партиски, ако не си од нивна партија, нема ниту да работиш.“
Претседателот на федерацијата на млади-Скопје, Мики Трајкоски, вели дека на младите прв избор им е вработување во државната администрација, а јавна тајна е дека тоа ќе го постигнат само со партиска книшка.
„Затоа, дел од младите луѓе, односно оние што навистина сакаат полесно да се вработат се зачленуваат во партии за да подоцна се обезбедат до крајот на животот, да се вработат во државна институција, а тоа им го велат и нивните родители.“
Социологот Илија Ацевски вели дека постои една наводна „освестеност“ кај младите, кои сметаат дека ако не припаѓаат на некоја партија, тешко дека ќе дојдат до работно место. Според него младите го бираат полесниот начин на заработка, кој го носи државната служба.
„Мислам дека еден добар дел се фатени во една таква стапица, во смисла дека тоа е она вистинското за човек кој што сака да прави кариера и да биде обезбеден, тоа е наметнато од општеството, од партиите, од политикатавоопшто.“
Според Трајкоски, потребно е државата да направи стратегија со која ќе им се помага на младите да се насочат и кон приватниот сектор.
„За да функционира целиот систем односно и приватниот сектор, треба постојано да се нудат можности, односно да се помагаат младите преку разни грантови. Иако има такви иницијативи и поддршки, сепак тоа е во мал процент.“
Според експертите, се поизразен е недостатокот на желба кај младите да бидат дел од граѓанскиот сектор, а причината е зголемувањето на животниот стандард. Повеќето од нив се борат за подобро утре и имаат се помалку свест дека треба да волонтираат и да дадат придонес во општеството.
Никој веќе не го гледа образованието и другите квалитети, обично секогаш се гледа по партиска
линија.
„Никој веќе не го гледа образованието и другите квалитети, обично секогаш се гледа по партиска линија.“
„Партиска линија, роднинска линија, тоа се основните правила, друго нема, а дури на трето место се вреднува знаењето.“
„Се е партиски, ако не си од нивна партија, нема ниту да работиш.“
Младите повеќе сакаат да „висат“ во јавната администрација. Архива: Чистачи на прозорци на зградата Соравиа во Скопје
Претседателот на федерацијата на млади-Скопје, Мики Трајкоски, вели дека на младите прв избор им е вработување во државната администрација, а јавна тајна е дека тоа ќе го постигнат само со партиска книшка.
„Затоа, дел од младите луѓе, односно оние што навистина сакаат полесно да се вработат се зачленуваат во партии за да подоцна се обезбедат до крајот на животот, да се вработат во државна институција, а тоа им го велат и нивните родители.“
Се е партиски, ако не си од нивна партија, нема ниту да
работиш.
Социологот Илија Ацевски вели дека постои една наводна „освестеност“ кај младите, кои сметаат дека ако не припаѓаат на некоја партија, тешко дека ќе дојдат до работно место. Според него младите го бираат полесниот начин на заработка, кој го носи државната служба.
„Мислам дека еден добар дел се фатени во една таква стапица, во смисла дека тоа е она вистинското за човек кој што сака да прави кариера и да биде обезбеден, тоа е наметнато од општеството, од партиите, од политиката
Дел од младите луѓе, односно оние што навистина сакаат полесно да се вработат се зачленуваат во партии за да подоцна се обезбедат до крајот на животот, да се вработат во државна
институција.