Митхад Аломеровиќ, пред пет години ги завршил студии на скопскиот државен универзитет со просек девет. Дипломираниот социјален работник, кој покрај тоа што ги говори сите јужнословенски јазици, одлично ги владее англискиот и италијанскиот јазик, од 2006 година па до денес е во потрага по работа. Интензивно аплицирам, но постојано го добивам истиот одговор од Заводот за авработување - „не морате да доаѓате ако немате партиска книшка“, сведочи за Слободна Европа Аломеровиќ, кој освен што главна преокупација му е како да најде работа посветен е и на своите магистарските студии.
„Мислам дека не постои институција во државава во која немам конкурирано. Според мене, за вработување во државава клучна е партијата, на што се дава предност пред некои други квалитети, успеси, квалификуваност, просек итн.“
„Верувајте дека и таму сум почувствувал одредена дискриминација поради целата политичка ситуација.“
На еден од последните конкурси за вработување во администрацијата, Аломеровиќ бил одбиен откако негативно одговорил на непристојна понуда:
„Во Секретаријатот за европски прашања не се гледа професионалност и способности, се случувало често пати претставниците на помалите етнички заедници да ми бараат пари за да бидам вработен.“
Во март, повеќе од 20 илјади високообразовни лица биле на спосокот на Заводот за вработување од кои 314 се магистри, а дури 22 доктори на науки немаат каде да го реализираат своето знаење.
Андреја Стојковски, од ценатрот за европско образование еве каде го лоцирал проблемот за ваквиот негативен тренд:
„Ако одиме кај приватното вработување, или вработувањето во компаниите, прво тука генерално тешката состојба на македонскиот пазар, а ако зборуваме за вработување во јавната администрација генерално е пресудна партиската припадност. Првично се овие четири категории на кои би требало да се размислува: квалитет, програма, вештини и знаење.“
Проблемот, според експертите, е во тоа што во Макдонија има многу необразовани луѓе и голем број образовани кадри. Хедникеп е и што кадарот што излегува од високообразованите институции нема речиси никаакво искуство со практичната настава.
„Нема никој да ги вработи доколку не бидат способни, вешти, практично едуцирани, а не само со диплома и со пријателство“, коментира Миле Бошков, претседател на конфедерација на работодавците.
Во оваа инфлација на високообразовани кадри, упатените предвидуваат дека во скора иднина ќе дојде време кога професиите како возач на автобус, плочкар или механичар ќе бидат реткост.
Мислам дека не постои институција во државава во која немам конкурирано. Според мене за вработување во државава клучна е партијата, на што се дава предност пред некои други квалитети, успеси, квалификуваност, просек итн.
„Мислам дека не постои институција во државава во која немам конкурирано. Според мене, за вработување во државава клучна е партијата, на што се дава предност пред некои други квалитети, успеси, квалификуваност, просек итн.“
РСЕ: Дали сте пробале да најдете вработување во некоја приватна компанија?
„Верувајте дека и таму сум почувствувал одредена дискриминација поради целата политичка ситуација.“
На еден од последните конкурси за вработување во администрацијата, Аломеровиќ бил одбиен откако негативно одговорил на непристојна понуда:
„Во Секретаријатот за европски прашања не се гледа професионалност и способности, се случувало често пати претставниците на помалите етнички заедници да ми бараат пари за да бидам вработен.“
Во март, повеќе од 20 илјади високообразовни лица биле на спосокот на Заводот за вработување од кои 314 се магистри, а дури 22 доктори на науки немаат каде да го реализираат своето знаење.
Андреја Стојковски, од ценатрот за европско образование еве каде го лоцирал проблемот за ваквиот негативен тренд:
Во Секретаријатот за европски прашања не се гледа професионалност и способности, се случувало често пати претставниците на помалите етнички заедници да ми бараат пари за да бидам вработен.