Поради вербалната тензија околу партизацијата на администрацијата со која ја завршивме годината, Синдикатот доби желба да реагира, но се остана на тоа. Првите синдикалци побараа од партиите да не ги инволвираат работниците во политика ниту да ги интересира од која партија се вработените. Повод за ова беа изјавата на Зоран Заев за масовни отпуштања и партизација на администрацијата по промената на власта, и во обратна насока и СДСМ обвини за нови вработувања. Но, Сојузот на синдикати не располага со евиденција за повреда на правата на работниците врз основа на политичка определеленост ниту имало такви пријави до нив.
„Опозицијата го зборува тоа, позицијата вика друго. Кога би имале пријави од такви работници, би знаеле дека се случува, не велам дека нема, меѓутоа треба да се пријави, која политичка гарнитура имала, другата го избркала итн.“
Според Ангелко Ангелков секретар на ССМ една од причините поради која нема пријави за повреди на работничките права врз основа на партиска припадност може да биде стравот да не се изгуби работното место.
Народниот правобранител во својот годишен извештај констатираше дека во делот на повреда на правата работните односи доаѓаат на второ место и дека тоа се случува кога има избори, што индицира дека во тоа време се случуваат прекршувања. Правобранителот Иџет Мемети изјави дека воделе постапки за дискриминација по основа на политичко убедување и констатирале повреди, но се завршило со тоа дека на крајот било констатирано оти станувало збор за повреди на правото по работен однос.
„Јас жалам што граѓаните што покренаа такви иницијативи дека поради политичкиприпадност биле дискриминирани, се повлекоа од нивното првично барање затоа што на нив најбитно им беше да се констатира дека им било попречено правото на работен однос.“
Драге Јовановски, поранешен правник во Синдактот, вели дека во голем дел од сите откази или преместувања делумно има влијание и партиската определеност. Според него, во пракса има такви случаи особено во државната адмнистрација. Но, тоа не се прикажува како партиски притисок туку се употребаваат празнини во законот:
„Значи проблем е во самата регулатива, бидејќи нема објективни критериуми за да се оцени работникот и за да може да се преземаат, туку главно тоа се паушални регулативи каде што се кажува дали успешно или неуспешно ги извршува и тоа нема така силно наброени елементи на кои што ако не се исполнети не ќе може да преземаат никакви мерки.“
Проблемот изгледа е и во регулативата. Професор Милева Ѓуровска вели дека не сака да ги поистоветува работите во смисла дели правата се политички детерминирани или не, туку поважно е да се види општиот контекст:
„Се уште работниците своите права ги стекнуваат преку судовите, се уште ние немаме еден општествен систем кон таа материја, една општествена контрола која што ќе даде задоволителни резултати.“
Од друга страна, во доменот на трудот имаме две ситуации. Во делот на законите бележиме напредок, но и натаму незадоволува праксата:
„Неисплатените плати и придонесите, од тука почнува, доаѓаат обврските преку колективниот договор, прекувремена работа, платено неплатено, празничните работи, тие се преставки што се водат и цела постапка за технолошки вишок се бара постапката спроведена или не е спроведена согласно закон и колективните договори и таму каде што не е работите се враќаат назад, меѓутоа не е секаде така.“
Како дополнителен проблем се појавува и тоа што бројките колку нови административци се вработени се различни. Проценките на опозицијата се дека има околу 30 илјади ново вработени, а во партијата на власт дека толкав е бројот на вработени во последните 20 години.
Опозицијата го зборува тоа, позицијата вика друго. Кога би имале пријави од такви работници, би знаеле дека се случува, не велам дека нема, меѓутоа треба да се пријави, која политичка гарнитура имала, другата го избркала итн.
„Опозицијата го зборува тоа, позицијата вика друго. Кога би имале пријави од такви работници, би знаеле дека се случува, не велам дека нема, меѓутоа треба да се пријави, која политичка гарнитура имала, другата го избркала итн.“
Според Ангелко Ангелков секретар на ССМ една од причините поради која нема пријави за повреди на работничките права врз основа на партиска припадност може да биде стравот да не се изгуби работното место.
Народниот правобранител во својот годишен извештај констатираше дека во делот на повреда на правата работните односи доаѓаат на второ место и дека тоа се случува кога има избори, што индицира дека во тоа време се случуваат прекршувања. Правобранителот Иџет Мемети изјави дека воделе постапки за дискриминација по основа на политичко убедување и констатирале повреди, но се завршило со тоа дека на крајот било констатирано оти станувало збор за повреди на правото по работен однос.
„Јас жалам што граѓаните што покренаа такви иницијативи дека поради политички
Јас жалам што граѓаните што покренаа такви иницијативи дека поради политички припадност биле дискриминирани, се повлекоа од нивното првично барање.