Достапни линкови

Уставниот суд цел на партиски препукувања


Уставен суд
Уставен суд

Секојдневните партиски препукувања за тоа кој е виновен што Уставниот суд ја укина одлуката за воведување веронаука во училиштата, е индиректен притисок врз работата на оваа институција, смета домашната експертска јавност. Ниту една партија не треба да се сомнева во независноста и авторитетот на Уставниот суд, вели аналитичарот Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики.

"Сите наши иниституции во принцип би требало да се неутрални и непристрасни и лошо е кога во самите институции се сомневаме дека тие не се такви, а посебно таква институција која што ги брани законите, како што е Уставниот суд.,,
Тој е независен орган, тој е чувар на правниот поредок на Македонија и не смее никој од нас да дава такви квалификации за судиите од Уставниот суд, бидејќи тие не се луѓе кои што се поставени на тии позиции како членови на политички партии

Вели Даскаловски и додава:

"Имате случаи во САД во текот на историја кога Уставниот суд бил поконзервативен или полиберален, но никогаш партиите, демократската или републиканската не се сомневале во работата на судот.,,

Одлуките на Уставниот суд се конечни и не треба да се коментираат вели проф. Рухи Бахиу од Штуловиот Универзитет. И за него е недозволиво мешањето во работата на оваа институција од страна на партиите, како и сомневањето на неговата независност.

"Ние претходно имавме и од страна на политичките партии на албанците, кога беше во прашање законот за употреба на знамињата на заедниците кога под притисок на политичките партии на албанците, двајца судии дадоа оставка, иста ситуација имаме и сега.,,

Експертите посочуваат дека никој не треба да ја доведува во прашање легитимноста на оваа институција, ниту пак начинот на кој се носат одлуките.

"Тој е независен орган, тој е чувар на правниот поредок на Македонија и не смее никој од нас да дава такви квалификации за судиите од Уставниот суд, бидејќи тие не се луѓе кои што се поставени на тии позиции како членови на политички партии.,,

вели Бахиу.
Во последните неколку дена ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓусебно се обвинуваа за вршење притисок врз уставниот суд да ја укине одлуката за воведување веронаука. Првите за ваквата одлука на судот го обвинија претседателот Бранко Црвенковски. СДСМ пак го обвинија премиерот Никола Груевски и владејачката партија за свесно уривање на уставниот поредок на Македонија, вршејќи како што соопштија невиден притисок врз судството. Од Уставниот суд не ги коментираат одлуките кои ги носат. Ова не е прва одлука која судот ја поништи. Претходно судот ги укина и одлуките за стимулирање на наталитетот и патриотските фискални сметки.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG