Задушени протести на студентите и на млекарите, собирање на потписи од кои нема никакви ефекти, голем број на тужби против новинари, јавни препукувања и навредувања упатени на оние кои имаат поразлично мислење. По сите настани кои го одбележаа минатиот период , се поставува прашањето: Има ли слобода на јавно изразување, во земјава? За голем дел од експертската јавност , нарушувањето на слободата на јавниот збор, не му доликува на едно демократско општество. Македонија ги има потпишано меѓународните документи со кои се регулирааат човековите права за правото на слободно изразување. Но според организаторите на мартовскиот протест на плоштадот „Македонија“ правата загарантирани со устав им биле нарушени.
,,Имаше насилство на еден мирен протест, организиран од студенти. Имаше насилство без разлика кој го организираше и кој стоеше зад него. Најстрашно не беше насилството, туку тоа што некој се обиде да го оправда тоа насилство. Со мотиви тоа се атеисти, тоа се геј луѓе, опозиционери."
вели Никола Наумовски, еден од организаторите на протестот.
Дамјан Здравев вели дека не е член на ниту една невладина организација, туку само го подржувал протестот а бил и еден од организаторите. Тие воопшто не очекувале да бидат нападнати и физички и вербално.
,,Тоа што се случи насилството, јуришот, нападот, не врати во реалноста и ни покажа до каде сме стасале со нашите општествени текови и комуникации. Ние сите, ама апсолутно сите бевме запрепастени од тоа како може една група на луѓе да нападне друга група на млади луѓе и студенти кои само имаат различно мислење од нив и се поставува прашањето дали е подобро тоа што се случи на вака еден помал обем за да избегнеме поголем инцидент.Бидејќи тие луѓе таму беа дојдени да тепаат."
Мартовските случувања за организаторите биле само повод уште помасовно и поенергично да се борат за своите права и за правото јавно да го искажат своето мислење.
,,Младите можеби не излегуваат да гласаат, можеби не се голем фактор во политичкото одлучување, но покажуваат дека имаат енергија и можат кога сакаат да бидат гласни и иако се помалубројни да го искажат своето мислење."
,,Мислам дека е крајно време да се појави еден активизам кој ќе им даде на луѓето надеж дека ако зборуваат гласно и ако се потрудат, можат да влијаат на одлуките, притоа без да бидат етикетирани од едната или од другата партија којшто го прави тоа намерно да створидополнителни несогласувања кај луѓето."
велат Здравев и Наумовски.
Мирјана Најческа од Институтот за социолошки, политички и правни истражувања, вели дека мартовските протести може да се гледаат од два аспекти.
,,Од една страна тоа е многу загрижувачки , многу е лошо тоа што се случи на мартовскиот протест што го организираа еден помал број на млади луѓе, посебно студенти на архитектонскиот факултет и со јасна намера да дадат порака во однос на она што претставува нивна идеја за проментите на архитектонското обликување на Скопје. Меѓутоа сево ова може да се сфати и како еден позитивен исчекор, луѓето се стресоа, луѓето видоа дека правецот во кој се движиме не е оној во кој би требало да оди едно демократско општество"
Но, Најческа позитивно ја оценува атмосферата во која поминаа вторите протести од 11 април.
,,Убаво е што на овој протест на 11 април , беа многу различни генерации , беа луѓе кои што се партиски и невладино структуирани, беа луѓе кои сакат да се соберат околу многу различни идеи, меѓутоа на овој или на оној начин ја покажаа разновидноста која што може да ја пружи Република Македонија."
,,Многу позитивно го оценувам тоа што власта успеа да најде сила и да се повлече и покрај тоа што не сум сигурна дека лекцијата е докрај научена."
вели Најческа.
Освен обидот да се задушат протестите,изминатите месеци беа карактеристични и по тоа што многу новинарти добија тужби за клевета, од страна на политичари. Дел од новинарите сметаат дека е загрозена слободата на медиумите. Новинарот и колумнист, Бранко Героски вели дека ситуацијата во која се наоѓа Македонија е повеќе од враќање во минатото.
,,Паметам како млад новинар во она комунистичко едноумно време, кога се вршеше една суптилна но сериозна контрола врз јавниот збор. И го гледам оваа време денеска и заклучувам , можеби затоа што сум и малку повозрасен,заклучувам дека денска е потешко од кога и да било порано. Некој ќе рече дек мојата оценка е претерана, но јас мислам дека сега ги живееме најтешките мигови, во поглед на обидите на политичарите, во спрега со бизнис елитите , вршат едно пресудно влијание, пресудна контрола врзјавниот збор. Тоа се прави понекогаш суптилно , некогаш со облици на клиентилизам, понекогаш со една коруптивна акција од пошироки размери, но понекогаш се прави и најгрубо со директни притисоци што не неликува на енда млада демократска земја"
вели Героски
Комуникологот Петар Арсовски објаснува дека граѓанската слобода не доаѓа како подарок тука за неа треба да се избориме.
,,Бидејќи секоја власт и најдобронамерната ако ја оставите самата на себе, ќе сака да заземе се повеќе и повеќе од граѓанските слободи, и тоа без исклучок метастазира во една автократска и автократна власт. Така да за секоја граѓанска слобода треба да се борите и на индивидувално и на ниво на граѓанска организација."
Но Арсовски констатира дека граѓанското општество се наоѓа во анестезирана состојба. Тој анализирајќи ја максимата „Младите се движечка сила на едно демократско општество“, вели дека недостасува по еден дел од двете.
,,Ни нидостасува по едно парче од двете, ни недостасува еден дел од вистинско граѓанско општество,а тоа е суштинско сознание на секого, особено на оној кој не мисли како вас, треба да му го обезбедите правото тоа мислење да го искаже."
,,А што се однесува до младите и тие се делумно разочарани, апатични, цинични кон било како вид на граѓанска и политичка активност. Така што тие две комбинираат да имаме една таква апатична ситуација во тој дел."
Објаснува комуникологот Петар Арсовски.
Политичката ситуација во која се наоѓа Македонија, создава модел на живеење, на управување, во кој сите процеси се гледаат низ призмата на партиска диоптрија, вели социологот Илија Ацески. Тој вели дека иако граѓанскиот сектор во последно време заживува, сепак луѓето се уште со недоверба гледат на невладините организации.
,,Кај луѓето се создава една претстава, бидејќи и оние лево и оние десно се слични меѓу себе,ги става на една сстрана, а втората страна која може да делува поттикнувачки, а главната сила-граѓанскиот сектор го нема. Ако овој сектор не се приклони или ако не добијат граѓаните дека е со некоја политичка опција, тогаш ќе почнат луѓето да им веруваат, да протестираат , да го изразуваат своето незадоволство, но и задоволство."
Вели Ацески и додава дека засега Македонија се наоѓа меѓу тие два облици. Според него , доколу победи опцијата граѓанскиот сектор да биде партиски обоен, тогаш тоа може многу негативно да се одрази врз демократијата во Македонија. И наместо партиите да се пресметуваат меѓу себе, тоа во нивно име да го прават граѓанските организации.
Во Македонија многу обиди за референдуми, граѓански иницијативи, собирања на потписи, со кои граѓанските организации сакале да го искажат својот став, завршиле неславно. Иако пред неколку години се собра повеќе од 10.000 потписи со кои требаше да се покаже дека треба да се донесе закон за достоинство на лицата со хендикеп, законот се уште не е донесен. Единствен напредок има кај Женските организации кои постигнаа да имаат повеќе жени пратеници. А, со заложби на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“,се направени измени во кривичниот законик.
Тоа што се случи насилството, јуришот, нападот, не врати во реалноста и ни покажа до каде сме стасале со нашите општествени текови и комуникации
,,Имаше насилство на еден мирен протест, организиран од студенти. Имаше насилство без разлика кој го организираше и кој стоеше зад него. Најстрашно не беше насилството, туку тоа што некој се обиде да го оправда тоа насилство. Со мотиви тоа се атеисти, тоа се геј луѓе, опозиционери."
вели Никола Наумовски, еден од организаторите на протестот.
Дамјан Здравев вели дека не е член на ниту една невладина организација, туку само го подржувал протестот а бил и еден од организаторите. Тие воопшто не очекувале да бидат нападнати и физички и вербално.
,,Тоа што се случи насилството, јуришот, нападот, не врати во реалноста и ни покажа до каде сме стасале со нашите општествени текови и комуникации. Ние сите, ама апсолутно сите бевме запрепастени од тоа како може една група на луѓе да нападне друга група на млади луѓе и студенти кои само имаат различно мислење од нив и се поставува прашањето дали е подобро тоа што се случи на вака еден помал обем за да избегнеме поголем инцидент.Бидејќи тие луѓе таму беа дојдени да тепаат."
Мартовските случувања за организаторите биле само повод уште помасовно и поенергично да се борат за своите права и за правото јавно да го искажат своето мислење.
,,Младите можеби не излегуваат да гласаат, можеби не се голем фактор во политичкото одлучување, но покажуваат дека имаат енергија и можат кога сакаат да бидат гласни и иако се помалубројни да го искажат своето мислење."
,,Мислам дека е крајно време да се појави еден активизам кој ќе им даде на луѓето надеж дека ако зборуваат гласно и ако се потрудат, можат да влијаат на одлуките, притоа без да бидат етикетирани од едната или од другата партија којшто го прави тоа намерно да створи
Од една страна тоа е многу загрижувачки , многу е лошо тоа што се случи на мартовскиот протест што го организираа еден помал број на млади луѓе, посебно студенти на архитектонскиот факултет и со јасна намера да дадат порака во однос на она што претставува нивна идеја за проментите на архитектонското обликување на Скопје. Меѓутоа сево ова може да се сфати и како еден позитивен исчекор, луѓето се стресоа, луѓето видоа дека правецот во кој се движиме не е оној во кој би требало да оди едно демократско општество
велат Здравев и Наумовски.
Мирјана Најческа од Институтот за социолошки, политички и правни истражувања, вели дека мартовските протести може да се гледаат од два аспекти.
,,Од една страна тоа е многу загрижувачки , многу е лошо тоа што се случи на мартовскиот протест што го организираа еден помал број на млади луѓе, посебно студенти на архитектонскиот факултет и со јасна намера да дадат порака во однос на она што претставува нивна идеја за проментите на архитектонското обликување на Скопје. Меѓутоа сево ова може да се сфати и како еден позитивен исчекор, луѓето се стресоа, луѓето видоа дека правецот во кој се движиме не е оној во кој би требало да оди едно демократско општество"
Но, Најческа позитивно ја оценува атмосферата во која поминаа вторите протести од 11 април.
,,Убаво е што на овој протест на 11 април , беа многу различни генерации , беа луѓе кои што се партиски и невладино структуирани, беа луѓе кои сакат да се соберат околу многу различни идеи, меѓутоа на овој или на оној начин ја покажаа разновидноста која што може да ја пружи Република Македонија."
,,Многу позитивно го оценувам тоа што власта успеа да најде сила и да се повлече и покрај тоа што не сум сигурна дека лекцијата е докрај научена."
вели Најческа.
Освен обидот да се задушат протестите,изминатите месеци беа карактеристични и по тоа што многу новинарти добија тужби за клевета, од страна на политичари. Дел од новинарите сметаат дека е загрозена слободата на медиумите. Новинарот и колумнист, Бранко Героски вели дека ситуацијата во која се наоѓа Македонија е повеќе од враќање во минатото.
,,Паметам како млад новинар во она комунистичко едноумно време, кога се вршеше една суптилна но сериозна контрола врз јавниот збор. И го гледам оваа време денеска и заклучувам , можеби затоа што сум и малку повозрасен,заклучувам дека денска е потешко од кога и да било порано. Некој ќе рече дек мојата оценка е претерана, но јас мислам дека сега ги живееме најтешките мигови, во поглед на обидите на политичарите, во спрега со бизнис елитите , вршат едно пресудно влијание, пресудна контрола врз
Паметам како млад новинар во она комунистичко едноумно време, кога се вршеше една суптилна но сериозна контрола врз јавниот збор. И го гледам оваа време денеска и заклучувам , можеби затоа што сум и малку повозрасен,заклучувам дека денска е потешко од кога и да било порано