Претседателот Обама оценува дека неговиот прв буџет претставува повеќе од обичен документ преполн со бројки. Буџетот, според него, е визија за Америка и основа за американската иднина. Државната каса за две илјади и десетата година претставува и голем прекин на политиките што досега ги водеше администрацијата на претседателот Џорџ Буш и ги официјализра повеќето од ветувањата на Барак Обама за време на долгата изборна кампања во минатата година. Вообичаено Белата Куќа му предлага на Конгресот буџет од околу илјада страници. Предлогот на Обама има сто и четириесет страници и вклучува само неколку детали за неговите приоритети во трошењето на буџетските средства. Што се однесува до целите на надворешната политика, Белата Куќа предлага скоро пеесет и две милијарди долари со што, како што се наведува, Соединетите држави ги започнува напорите за удвојување на помошта за странство. Предвидено е зголемување на средствата за невоена помош за Авганистан и Пакистан, како и на оние во борбата против тероризмот. Што се однесува до внатрешната политика Обама бара од Конгресот да одобри големи средства за реформа на образованието, енергијата, здравството и екологијата. Практично, се бараат над шестотини триесет и четири милијарди долари со цел здравствениот систем да биде реформиран во наредните десет години. Парите ќе бидат изнајдени со прекин на даночните олеснувања што претседателот Буш им ги даде на побогатите американци.
,,И додека краткорочно мораме да го зголемиме дефицитот за да обезбедиме итна помош за семејставата и да ја придвижиме нашата економија, долгорочно, само преку обнова на фискалната дисцплина, ќе можеме да дојдеме до развој,,.
Изјави Обама, кој додаде дека трошоците за војните во Авганистан и во Ирак ќе бидат вклучени во главниот буџет. Администрацијата на Буш финасирањето на војните го правеше преку итни дотации.
,,Во рамките на мојата заложба да ја направам нашата влада поотворена и потранспарентна, овој буџет е искрена сметка за она каде сме и каде имаме намера да одиме. Долго време нашиот буџет не ја кажуваше целата вистина за тоа како се трошеа даночните пари, на пример за борбите во Ирак и Авганистан,,.
Рече Обама, најавувајќи поголема контрола на финасиите за одраната и крај на застарените оружени системи од Студената војна.