Достапни линкови

Џикиќ: Политички прашања ги блокираат Отворен Балкан и ЦЕФТА


Џикиќ: Отворен Балкан треба да се вклопи во активностите на ЦЕФТА
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:00 0:00

Џикиќ: Отворен Балкан треба да се вклопи во активностите на ЦЕФТА

Секогаш политиката имала влијание врз економијата и економијата врз политиката така што тоа не е ништо невообичаено. Она што треба да се каже е дека економскиот потенцијал кој земјите членки би можеле да го искористат со учеството во ЦЕФТА е над 7 отсто придонес во БДП на годишно ниво што навистина би требало да доведе до тоа да страните ги премостат политичките проблеми и навистина да се посветат на економските прашања и економските проблеми што ќе придонесе за благосостојбата и на компаниите и индиректно и на граѓаните на Западен Балкан, вели во итервју за РСЕ, директорот на генералниот секретаријат на ЦЕФТА, Емир Џикиќ.

Господине Џикиќ кој е разликата измеѓу ЦЕФТА кој е договор за слободна трговија и поблиска економска соработка и иницијативата Отворен Балкан, кој впрочем ја има истата цел?

Она што е воопшто политика на ЦЕФТА во последно време, односно во последниве 4,5 години со зајакнување на функционалноста, односно усвојувањето дополнително на протоколот 5 и со усвојувањето дополнително на протоколот 6 кои се бават со олеснување на трговијата и трговските услуги води до тоа во принцип да ги базираме сите наши активности на усогласување со стандардите на ЕУ во склоп на регионалната трговија, односно оној кој ќе ги

исполни условите кои ги пропишува ЕУ за трговија со одредени стоки е првиот кој добива корист во склоп на ЦЕФТА. Она што е важно да се истакне е дека основната разлика помеѓу ЦЕФТА и Отворен Балкан според веќе наведените работи е таа дека ЦЕФТА е инклузивен процес што во некоја рака понекогаш ги отежнува активностите, додека од друга страна води до тоа сите страни во Западен Балкан да одат побрзо кон европска интеграција и секако треба да истакнеме и дека во склоп на ЦЕФТА меѓу земјите членки ја имаме и Молдавија која не е од подрачјето на Западен Балкан, но сега веројатно и она повеќе ќе се вклучува во работните активности. Посебно во спроведувањето на документот за заеднички регионален пазар кој претставува еден од најголемите активности со кои се бави ЦЕФТА во последно време.

Ако се земе предвид дека Отворен Балкан наиде на неодобрување кај црногорската јавност и има поделеност и во босанското општество тогаш има ли воопшто иднина ваква иницијатива?

Што се однесува до Отворен Балкан во одреден момент би требало да се вклопи во активностите на ЦЕФТА под услов во склоп на вкупниот Берлински процес или заедничкиот регионален пазар да се откочат одредени политички прашања кои ја блокираат функционалноста на овие две иницијативи.

Значи политичките прашања влијаат и на економски план?

Секогаш политиката имала влијание врз економијата и економијата врз политиката така што тоа не е ништо невообичаено. Она што треба да се каже е дека економскиот потенцијал кој земјите членки би можеле да го искористат со учеството во ЦЕФТА е над 7 отсто придонес во БДП на годишно ниво што навистина би требало да доведе до тоа да страните ги премостат политичките проблеми и навистина да се посветат на економските прашања и економските проблеми што ќе придонесе за благосостојбата и на компаниите и индиректно и на граѓаните на Западен Балкан. Секако она што навистина треба да се истакне е дека регионалната интеграција на овој начин на кој ние ја гледаме, односно преку заедничкиот регионален пазар и европските интеграции се двете страни на една монета. Тоа што ќе го направите за интеграцијата во ЦЕФТА ќе ви се запише и во интеграцијата кон ЕУ и обратно.

Колку ЦЕФТА придонесе за раст на извозот меѓу земјите членки од потпишување на договорот ?

ЦЕФТА во овој облик кој го знаеме постои 15 години до минатата година. Податоците во однос на трговијата говорат дека од 70 до 140 проценти во склоп на ЦЕФТА е придонесот на трговијата во БДП што значи да речеме дека некоја средна вредност е отприлика околу 100 проценти што е повеќе во однос на ЕУ која има 92 проценти во рамки на БДП, но е помал на земјите од централно источна Европа каде трговијата влијае со до 120 проценти во рамки на БДП. Она што ние го направивме минатата година кога прославивме 15 години се неколку анализи на трговијата и сите анализи се согласни дека ЦЕФТА придонела за заедничкиот раст на трговијата во регионот. ЦЕФТА во моментов е втор трговски партнер на сите земји и сите страни на ЦЕФТА, ако ја третираме ЕУ како едно, а трет партнер ако ги третираме посебно земјите членки на ЕУ. Значи прва е Германија. Втора е Италија. Трета на сите е ЦЕФТА. Она што исто така е важно да се истакне е дека вообичаено во трговијата која се случува преку ЦЕФТА учествува во синџирите на вредност кои се неразделни од синџирите на вредности во ЕУ, кој е исто така еден од заклучоците на овие анализи. Исто така еден од заклучоците е дека ЦЕФТА навистина многу придонела и да е растот на трговијата е од 40 до 80 посто во зависност од страните со тоа што помалите страни на ЦЕФТА имаа поголем раст во склоп на ЦЕФТА.

Колкав удел има Македонија во ЦЕФТА?

Навистина не ги знам точно податоците за Северна Македонија, но во принцип едноставно исполнувањето на реформите и исполнување на обврските кои се преземени со членството во ЦЕФТА носи до тоа да се олеснува и пристапот до европскиот пазар и производителите кои засега имаат извоз само на регионалниот пазар низ активностите на ЦЕФТА ќе го зајакнат извозот и на регионалниот пазар, а ќе добијат и можност за извоз и кон ЕУ. Она што не би го направил е директно да ја поврзувам ЦЕФТА со извозот само по себе. Она што е многу важно и на она што ние работиме е олеснување на процедурите за извоз, односно ги имате овие зелени коридори кои го забрзуваат извозот кон ЕУ, а со оглед на фактот што Македонија е земјоделска земја тоа е многу важно, посебно за извоз на вакви лесно расипливи производи и доколку чекањата на граница се подолги едноставно производите се расипуваат и на крајот стигнуваат помалку од нив. Тоа влијае. Исто така во областа на трговијата со услуги и Ecommerce каде Македонија е многу развиена, односно македонската асоцијација за е-трогвија е многу развиена и би можела да се стекне со одредени бенефиции во рамки на регионот и во рамки на самиот Ecommerce во наредниот период доколку се разбира се усвојат одлуките и започнат да се спроведуваат со цел одредени фирми кои се бават со Ecommerce би можеле да излезат на пазарот на земјите од регионот, што засега не е случај.

Се очекува тешка зима поради војната во Украина. Како може земјите меѓу себе во регионот да си бидат поддршка за полесно да ја пребродат економската криза?

Во принцип сите земји на регионот како што видовме во неброени примери до сега кога дојде до криза сите шест земји членки на ЦЕФТА од Западен Балкан си помагаат едни на други во период на криза. Она што е важно да се истакне е дека кризата нема да биде само во рамки на Балканот, туку се очекува дека кризата силно ќе ја погоди цела ЕУ. Одговорот на кризата би биле едноставно е што повеќе да се интегрира пазарот на Западен Балкан, бидејќи поголема група полесно ќе ја поднесе кризата како што се случува во ЕУ. Слушнавме дека одредени активности се преземени на ниво на ЕУ, односно дека земјите на Западен Балкан се вклучени или во набавките на храна и заеднички енергетски политики на ЕУ и тоа е еден од начините на кои исто така со дополнителната интеграција на рамки на регионот постои можност за полесно да се преброди кризата.

Што ќе значи зголемената инфлацијата за побарувачката и троговијата меѓу земјите од регионот?

Од она што можеме да видиме е дека зголемената инфлација едноставно ја следи зголемената инфлација и во еврозоната. Она што се случува е да имаме огромен раст на цените. Дали тоа ќе им донесе предност на оние страни кои не се врзани со еврото, па ќе може полесно да извезуваат доколку има поголеми инфлаторни шокови тоа останува да видиме. Но, тоа навистина би требало некој финансиски експерт да го анализира. Ние сме трговци, а финансискиот дел би требало некој друг да го анализира.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG