„Ревидираната методологија за преговорите за проширување е со цел пристапните преговори да бидат кредибилни и предвидливи за сите страни“, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи.
Тој прецизира дека Европската комисија во идниот месец ќе ги усогласи предлозите на повеќе членки на Унијата за преуредување на постапката и политиката спрема новите членки.
Вархељи додаде дека во Комисијата се води расправа не само за францускиот, туку и за предлозите на други земји.
„Во јануари сакаме да излеземе со склоп мерки врз основа на кои ќе може да се преуреди методологијата за проширување. Станува збор за најмалку четири клучни критериуми кои веќе ги имаме на ум“, изјави тој, додавајќи дека првиот критериум е да се биде „уверлив и за земјите членки и институциите на Унијата, но и за партнерите.“
Вториот критериум е предвидливоста што значи дека ќе треба да се знае повеќе однапред што ќе биде како со членките на Унијата, така и со земјите кои се стремат кон тоа.
„Ако едната страна направи нешто што се очекува од неа, тоа мора да го стори и другата страна“, вели Вархељи.
Критериум ќе биде и политичкото лидерство, политичкото раководење кое мора да управува со целиот процес на проширување.
До ова доаѓа откако Франција, поддржана од Данска и Холандија, контроверзно го блокираше ветеното отворање на преговорите за пристап со Албанија и Северна Македонија.
Париз, покрај неопходното забрување на реформите, аргументираше и со тоа дека на процесот за пристапување во Европската унија му се неопходни реформи, односно дека Унијата би требало да се фокусира врз внатрешното средување пред да прима нови члeнки.
Вархељи, откако во вторникот Србија отвори уште едно поглавије во пристапните преговори, 18-то од 35-те поглавја, на Твитер напиша дека интеграцијата на Западен Балкан е важна стратегиска цел за Европската унија.