Достапни линкови

Кој најмногу заработува од објави на Инстаграм


Специјализираниот интернет сајт Статиста ја објави најновата листа на славните личности кои најмногу заработуваат од рекламни објави на нивните инстаграм профили за 2019 година, објави Форбс.

1. Кристијано Роналдо

Фудбалската ѕвезда има над 187 милиони следачи на Инстаграм. Тој од спонзорираните објави на таа социјална мрежа за година дена зaработува повеќе од 50 милиони долари.

2. Лионел Меси

Од спонзорирани објави, односно од реклами на Инстаграм заработува 24 милиони Долари.

3. Кендал Џенер

Моделот и старлета Кендал Џенер заработува 16 милиони долари за една година.

4. Дејвид Бекам

Спортската мега-ѕвезда Дејвид Бекам на Инстаграм има годиншна заработка од околу 11 милиони долари.

5. Селена Гомез

Американската пејачка и ТВ ѕвезда Селена Гомез заработува околу 8 милиони долари за една година од комерцијални објави на нејзиниот Инстаграм профил.

По нив следуваат фудбалерите Нејмар и Златан Ибрахимовиќ, моделот Кајли Џенер, фудбалерот Роналдињо и старлетата Клои Кардашијан.

XS
SM
MD
LG