Достапни линкови

И Путин има фаворит на изборите за Европарламентот?


Кого Путин ќе „кандидира“ за европските избори?
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:47 0:00

Кого Путин ќе „кандидира“ за европските избори?

Политичките аналитичари предупредуваат дека Москва може да поддржи екстемистички партии на изборите за Европарламентот и на тој начин да создаде проруски блок во ЕУ кој би правел притисок врз Брисел да го омекне неговиот став кон Русија

Додека во САД се истражува руско мешање во претседателските избори, високи политичари и експерти и медиумски аналитичари предупредуваат дека постојат индиции дека Москва може да замеша прсти во изборите за Европскиот Парламент. Според нив, Кремљ и рускиот претседател Владимир Путин за остварување на таа цел можат да се потпрат врз екстремистички партии со кои имаат блиски односи.

Прв предупреди поранешниот Генерален секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен, според кого вистинската цел е „да падне довербата во ЕУ“.

„Не зборуваме за идеолошка војна на Русија, ниту за левичарска или десничарска кампања. Зборуваме за Путиновите напори за уривање на довербата во Унијата и во демократските институции, а потоа создавање хаос и нестабилност“, изјави Расмусен за „Политико“.

Оттаму и идејата на Расмусен, партиите и кандидатите на изборите за Европскиот Парламентот да потпишат договор за транспарентност во финансирањето на нивната кампања и дека ќе избегнуваат употреба на украдени податоци.

Можен ли е проруски блок во срцето на ЕУ?

За да направи таков политички хаос и да ја насочи европската политика кон поповолна насока за своите интереси, аналитичарите велат дека Путин нема да бира кои политичари во земјите-членки на ЕУ ќе ги поддржи - леви или десни сеедно – само да се екстремни.

Претходно беше евидентирана блискост со Мари ле Пен во Франција и со Владимир Жириновски во Русија, кој изјавуваше „Србија до Ријека“. Сега пред европските избори, како што анализира британскиот весник „Дејли телеграф“, таа соработка може да се очекува со дел од новиот бран популистички партии и лидери во земјите од ЕУ“.

„Се појавуваат се повеќе докази за подобро координираните активности на Москва за создавање на комплекс од сојузници во Европа, чија цел е имплементирање на проруски блок во составот на следниот Европарламент“, вели Најт Коглин, коментатор на „Дејли телеграф“.

Според него, Путин има добри односи со поранешните членки на источниот блок – Бугарија и Унгарија, која протера само еден дипломат по труењето во Солсбери, а такви индиции, како што коментира Коглин, има и во Словачка, која не покажа солидарност со Брисел за труењето со „новичок“. Сега, како што објави „Дејли телеграф“, на мета на Кремљ е Чешка, каде Москва сака да ги зацврсти односите со претседателот и премиерот.

Од балканските држави членки на ЕУ, како што пишуваат дел од хрватските медиуми, Москва ќе се обиде да „најде свои луѓе“ во Хрватска.

„Кога се работи за Хрватска, потполно јасно се гледа дека Путин ги сака загребскиот градоначалник Милан Бандиќ и Иван Пернар од 'Жив ѕид'. Бандиќ неодамна дури доби и Орден на пријателство од Путин, а Пернар лани беше на состанокот на младите руски парламентарци, каде неговиот говор беше поздравен лично од Владимир Жириновски“, коментира хрватскиот информативен портал Експрес.

Која е целта на Путин?

Целта на Путин е да ја насочи генералната европска политика во свој интерес, за што, како што велат познавачите, всушност сега и бара играчи. Ако и успее тоа, како што вели поранешниот шеф на НАТО, Расмусен, „Русија несомнено ќе биде меѓу оние кои ќе покажат најдобро погубно влијание врз претстојните избори во ЕУ“.

Според британскиот аналитичар Најт Коглин, „ако Москва успее да влијае на изборите тогаш врз Брисел ќе има посилен притисок да ја омекне својата позиција во односите со Русија, што е и цел на Кремљ. Во тој случај, вели Коглин, „победник на претстојните избори за Европарламентот најверојатно би бил Владимир Путин“.

XS
SM
MD
LG