Достапни линкови

Стари идеи за нови стравови


Руска пандорина кутија за Македонија пред вратата на НАТО?
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:59 0:00

Руска пандорина кутија за Македонија пред вратата на НАТО?

Вратите на Македонија кон НАТО и ЕУ ѝ се отворени, но Москва нема да мирува, предупредуваат експертите и додаваат дека годинава еден од адутите на Кремљ ќе биде „сеење нови стравови со стари идеи“.

Грција го ратификуваше договорот со Македонија, а веќе во среда ќе биде потпишан протоколот за прием на Македонија во НАТО. Вратите кон Алијансата и кон Европската унија се отворено, но Русија нема да мирува, предупредуваат и странските и домашните аналитичари. Еден од нив, угледниот политички експерт Јанош Бугајски од Центарот за европски политички анализи, вели дека рускиот претседател Владимир Путин оваа година ќе се фокусира на три клучни моменти за ширење неизвесност околу иднината на НАТО и ЕУ.

„Трета паневропска точка за притисок од Москва е да се шири неизвесност околу иднината на НАТО. Ова е потпомогнато од коментарите кои му се припишуваат на претседателот Доналд Трамп, заканувајќи се од повлекувањето на САД од Алијансата. И покрај тоа што САД всушност го зголемија своето воено присуство и одбранбени трошоци по источниот дел на НАТО, донесен е и нов член - Црна Гора, и изгледа Алијансата е подготвена да ја пречека и Северна Македонија, перцепцијата дека Белата куќа одеднаш може да се повлече од Алијансата, го крева апетитот на Кремљ. Државната пропаганда ќе се обиде да ги убеди Европејците дека Вашингтон на крајот ќе ги напушти и затоа е во нивна интерес да се зајакнат односите со Русија“, смета Бугајски.​

Предлог на Рускиот совет за меѓународни односи

​Акцијата на Кремљ, додава Бугајски, ќе биде засилена и со предлогот односно со пакет-решението на Рускиот совет за меѓународни односи „за формирање етнички држави на Балканот“, со предзнак „Голема“.

Во таа пандорина кутија се Голема Хрватска, Голема Србија и Голема Албанија. Според тој предлогот, Македонија во едно такво сценарио би го извлекла најлошиот крај бидејќи би била поделена меѓу Голема Албанија, Голема Србија и евентуално Бугарија или пак би влегла во конфедерација со Србија и Бугарија.

Етничките држави со предзнак „Голема“ се често во речникот на регионалните политичари, особено на дел од српските и албанските, па до негде и македонските. Според аналитичарите, таа идеја е веќе застарена, но често се користи или за ширење страв заради политички цели или од едноставна убеденост кај некои политичари дека тоа е возможно. Таа идеја, особено за Голема Албанија се актуелизираше по предлозите за прекројување на српско-косовската граница, како и многу пати порано, кога високи албански функционери, меѓу кои и сегашниот косовски претседател Хашим Тачи изјавуваа дека „идејата за голема Албанија е смислена во Србија и нема никаква врска со Албанците“.

На интернет страницата на рускиот Совет стои со вакви сценарија има и надворешни играчи и ја посочува Велика Британија како „поддржувач на таа идеја за етноцентристички држави со предзнак Глема“. Сепак, се вели и дека такво сценарио би поддржале само националисти и дека такво едно сценарио би го исклучило Балканот од патот кон членство во ЕУ.

Пророштво за Русија?

„Во 2019 година ќе има неколку слаби точки на Балканот, погодни за руските официјални претставници да создаваат раздор и да забиваат клинови меѓу главните градови во регионот, за потоа Москва да предложи меѓународни преговори и да понуди свои медијатори. Целта е да се искористат интересите на Кремљ и да се намали улогата на САД и НАТО, што е очигледно и во неодамнешното пакет-решение понудено од рускиот Совет за меѓународни прашања на државата“, вели Бугајски.

Тој, сепак, додава дека така Русија може да си навлече и скептицизам на домашна сцена.

„Кремљ профитира од европска поделба и несигурност. Но, исто така, авантурите во странство може да ѝ се вратат дома, со оглед на тековниот економски пад што го зголемува јавниот скептицизам во врска со државната политика на Кремљ“, вели Бугајски.

„Абрахам Линколн велел дека не можете да ги мамите сите луѓе цело време. На крајот тоа може да се покаже како пророштво за Русија“, заклучува Бугајски.

Членството во НАТО ќе значи крај на прекројувањата на границите

Сепак, голем број аналитичари, политичари и дипломати оценуваат дека членството на Македонија во НАТО ќе ги реши овие прашања, без оглед дали се работи за нечија политичка пропаганда, хибридна војна или за реална опасност. И македонските и западните политичари во повеќе наврати порачаа дека „НАТО значи затворање на регионалните прашања и скриени стравови од евентуално прекројување на границите плус економски просперитет“.

„Договорот од Преспа ќе ѝ овозможи на Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и во ЕУ и ќе придонесе за регионалната стабилност, безбедност и просперитет“, изјави неодамна американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, кој е само еден од мноштвото политичари кои се осврнуваа на темата регионлна стабилност и безбедност.

XS
SM
MD
LG