Достапни линкови

Мала руска акција за големи балкански проблеми


Русија го урива интегритетот на ЕУ и НАТО за да го премисли Балканот
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:33 0:00

Русија го урива интегритетот на ЕУ и НАТО за да го премисли Балканот

Иако Кремљ нема што да понуди, Русија нема да се откаже од Западен Балкан и ќе продолжи со реторичка борба за уништување на европскиот и евроатлантскиот интегритет во очите на земјите аспиранти за членство како Македонија, Србија, Бих..., коментираат аналитичарите.

Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора... имаат право сами да одлучуваат на која организација ќе ѝ се придружат, но Русија тоа не го прифаќа, а тоа е нешто околу што нема компромис, се согласија учесниците на панелот во Белград, насловен „Надвор од идеологијата – Односите на Западот и Русија и политичкиот прагматизам“. И затоа, рекоа учесниците, директно ја прашуваме Москва – Што има проблематично во тоа што ЕУ и НАТО сакаат повеќе стабилност, мир и слобода во Западен Балкан?

Еден од учесниците на панелот, научникот Штефан Лене, од Карнеги Европа, вели дека Русија има малку што да им понуди на Македонија, Србија и на другите земји од Западен Балкан, и затоа „се обидува да фрустрира и да саботира, иако нема средства да го преземе кормилото во регионот“. Оттаму, дополнија другите учесници, произлегува заклучокот дека Русија сака со мала акција да постигне многу регионот.

„ЕУ ги привлекува земјите од Западен Балкан, што е фрустрирачко за Русија, и затоа таа и во наредниот период ќе се обидува да ги опструира акциите на Брисел колку што може повеќе“, вели Лене.

Засилен наратив

Иако снемува сили за политичка борба со Западот, Кремљ нема да се откаже, вели и аналитичарот на Викистрат, специјлистот за Русија, Павел Лужин. Според него реторичката борба на Русија ќе биде во насока на уништување на европскиот и евроатлантскиот интегритет во очите на земјите аспиранти за членство.

Со политикологот Павел Лужин се сложуваат и голем број други меѓународни експерти кои очекуваат следните антизападни чекори на Москва да одат од силна политичка реторика до саботирање и уривање на западните демократски вредности, а сето тоа како сопка за Македонија и за останатите земји од регионот кои имаат јасна евроатланстка определба.

Дека во наредниот период, кога Македонија е сериозно на прагот на ЕУ и НАТО, Русија постепено ќе снемува сила, но дека ќе ја заострува својата антизападна реторика се сложуваат и дел од македонските експерти, или како што вели за РСЕ политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, Москва ќе го засили наративот.

„Мислам дека Русија во наредниот период повеќе ќе се префрла на наративот отколку на некакви дејствија. Ние сме свесни дека такви дејствија имало, особено пред 27 април. Видовме дека една Русија која била инертна 20 години, од 2013 година стана поактивна, па дури и нивната дипломатија почна да укажува на одредени процеси во Македонија и да се ориентира кон оние кои беа во критиките на нашите западни партнери“, вели Муслиу за РСЕ.

Менување од корен

Решението за подобрување на односите на Русија со Западот, а со тоа и со земјите од Западен Балкан, лежи во позитивните промени на рускиот политички систем, бидејќи како што на белградскиот панел рече аналитичарот Павел Лужин од Викистрат, „ниту хипотетичкото повлекување на Путин не би било доволно, бидејќи рускиот политички систем е многу пософистициран од класичните диктаторски режими“.

XS
SM
MD
LG