Достапни линкови

Дали „Појас и пат“ е проект на кинеската суета?


Кинескиот „Појас и пат“ - „стапица за долгови“?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Кинескиот „Појас и пат“ - „стапица за долгови“?

Кинескиот претседател Си Џинпинг во обид да ја намали растечкита загриженост во врска со неговата амбициозна иницијатива „Појас и пат“ оцени дека неговиот глобален инфраструктурен проект „не е ексклузивен клуб“. Тој ова го изјави на тридневниот собир во Пекинг на кој учествуваат 37 светски лидери.

Почетокот на вториот самит на инцијативата „Појас и пат“ на кој учествуваат 37 светски лидери беше означен со големи светлосно шоу.

„Појас и пат“ е актуелен кинески надворешно политички приоритет кој има за цел повторно да го открие античкиот „Пат на свилата“ за поврзување на Азија со Европа и Африка преку големи инвестиции во поморски, патни и железнички проекти.

Иницијативата нуди да им ја донесе многу потребна модерна инфраструктура на земјите во развој.

Меѓутоа, критичарите велат дека тука главно станува збор за интересите на кинеските компании, додека земјите се натрупуваат со долгови и трпат штети по животната средина.

Кина ги отфрла обвинувањата дека „Појас и пат“ е „стапица за долгови“ и геополитичка алатка за амбициите на Пекинг да стане глобална суперсила.

Тоа на отворањето на собирот во Пекинг го изјави и кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Појас и пат“ не е ексклузивен клуб. Зелената боја е основата. Ги промовираме зелените инфраструктурни проекти, зелените инвестиции и обезбедуваме зелено финансирање за да ја заштитиме земјата, која сите ние ја нарекуваме дом. Сè треба да се направи на транспарентен начин и ние треба да имаме нулта толеранција за корупцијата“.

На собирот меѓу главните гости се рускиот претседател Владимир Путин, пакистанскиот премиер Имран Кан и италијанскиот премиер Џузепе Конте, чија земја стана првата членка на Г7која влезе во иницијативата „Појас и пат“.

На форумот ЕУ, Германија и Франција се претставени на министерско ниво, додека Соединетите држави не учествуваат.

Во услови на трговски тензии со Кина, Вашингтон оцени дека иницијативата е „проект на суета“.

Откако Си го започна проектот во 2013 година, Кина, според кинески официјални претставници, инвестираше 90 милијарди долари во зделки, додека банките обезбедија 300 милијарди долари кредити.

Во истовреме, има голем број примери на земји со должнички проблеми.

Меѓу нив се посочуваат Шри Ланка и Црна Гора кои мораа да земат кинески долг за да ги платат кредитите.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG