Достапни линкови

Русија со етнички јазови на Балканот ќе го спречува ширењето на НАТО?


Балканот параван за соседската политика на Москва
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:54 0:00

Балканот параван за соседската политика на Москва

Кремљ има интерес од нови поделби на Балканот поради три клучни цели, предупредуваат аналитичарите и додаваат дека тоа не само што ќе се одрази на ширењето на НАТО и на ЕУ, туку и на безбедноста на Македонија, БиХ, Црна Гора...

Новата стратегија на Москва за поделби во Западен Балкан се појави последните неколку месеци откако се актуелизираше и идејата за промена на границите на Косово, и тоа во Кремљ може да биде искористено за три цели кога се работи за руската политика кон Македонија и останатите држави од регионот и кон ширењето на НАТО и на ЕУ, предупредуваат и странски и домашни експерти.

Бугајски: Москва има три цели

Еден од најистакнатите познавачи на руската политика на Балканот, професорот Јанош Бугајски, вели дека зад идеите на Кремљ за балкански поделби стојат три цели.

„Првата цел е да создаде пукнатини меѓу албанските политичари и да ги подели албанските општества во Косово, Албанија и во Македонија. Москва може да ги искористи тие поделби околу промените на границите за да се внесе себе си во игра. Втората цел на Кремљ е да ги влоши поделбите меѓу Србите и Албанците, така што ниту Србија ниту Косово да не можат да влезат во НАТО или во ЕУ. Најефективен начин за затворање на вратите за членство е поттикнување меѓудржавни конфликти. И третиот мотив за поддршката на Русија за размена меѓу балканските земји е да се воспостават корисни преседани, кои Москва би ги користела за оправдување на своите акции кон Украина, Грузија и Молдавија“, вели Бугајски во својата најнова анализа за можните идни потези на Москва.

Харадинај: Ова е проект на Путин

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај минатата недела директно ја обвини Русија дека „стои зад лобирањето за менување на косовските граници и дека отворањето на прашањето на границите е агенда на рускиот претседател Владимир Путин за да се држи отворено балканското прашање“.

„Се лобира од Косово, од Србија и од официјална Тирана за да се убедат САД дека корекцијата на границите е вистинската формула. Тие прават голема грешка. Зад овие лобирања стои Русија. Ова не е проект на една личност, туку една многу поголема агенда. Многу медиуми, аналитичари и функционери паднаа во стапицата на Москва, за што добиле големи финансиски средства“, изјави Харадинај.

Ристески: Јакнење на аспирациите на сепаратистичките кругови

Според него, Москва е свесна дека и српските и албанските националисти може да бидат охрабрени да следат поамбициозни иредентистички идеи, како што се поделба на Босна и Херцеговина, Црна Гора или Македонија.

Дека со идеите за промена на границите може да се разбудат сепаратистички идеи и во Македонија, се сложува и професорот од ФОН, Темелко Ристески.

„Прекројувањето на границите ќе доведе до нестабилност, до јакнење на аспирациите на сепаратистичките кругови, а со настојување на тој сепаратизам би била загрозена и Македонија, но се надевам до тоа нема да дојде и ќе се заврши само на една идеја“, изјави за Радио Слободна Европа професорот Ристески, коментирајќи ја идејата за промена на косовската граница.

Север: Ќе ги разбудат тие што се за Голема Албанија

Откако со етнички јазови на Балканот ќе се засилат тие сепаратистички идеи, Москва, велат експертите, постојано ќе наоѓаат спорови меѓу земјите од регионот, а себеси ќе се нуди како миротворец.

„Москва не само што ќе пронаоѓа спорови меѓу главните градови на регионот, туку истовремено ќе се нуди и како медијатор за нивно решавање и со тоа да се обидат да ја намалат улогата на НАТО и ЕУ“, вели Бугајски.

И американскиот аналитичар за Балканот Даниел Сервер пишува дека идејата за корекцијата на границите е лоша.

„Корекцијата би се одразила врз Македонија со тоа што би се зголемила поддршката на Албанците во Македонија кои сакаат да се приклучат кон Голема Албанија, што потенцијално би довело до дестабилизација на Македонија“, пишува Сервер на својот блог Peacefare.net.

На промената на границата на Косово како можен потпалувач на нови поделби во регионот, но и како несоодветна идеја за решавање на спорот Приштина-Белград, гледаат и политичките субјекти во Македонија.

Од Владата за нашето радио рекоа дека отворените прашање треба да се решаваат со нови политики, а не со цртање нови граници, а од трите најголеми партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, велат дека не се за промена на граници.

XS
SM
MD
LG