Иако барал од 150-200 нови вработувања со кој би се надминала кризната состојба во затворот Идризово, Владата одлучила тој процес да почека до после Нова година, вели во интервјуто за РСЕ в,д, директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Во 2025 година очекува да продолжи изградбата на новите згради во затворот - затворено и притворско одделение.