Достапни линкови

 
Регулаторна ќе бара читање на броилата за струја секој месец

Регулаторна ќе бара читање на броилата за струја секој месец


Обвинителството побарало докази од регулаторна за истрагата против РКМ и Пуцко Петрол за мазутот
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:26 0:00

Обвинителството побарало докази од регулаторна за истрагата против РКМ и Пуцко Петрол за мазутот

РКЕ ќе воведе читање на броилата секој месец поради сомнежите за јануарски сметки за струја. Ќе оди и во инспекција по домови кои дале приговор за да види дали има проблеми со броилата. Сепак високите сметки ќе мора да се платат, па ако утврдат нерегуларности парите ќе се враќаат на следни сметки.

Со оглед на големиот број поплаки од страна на граѓаните во однос на јануарските сметки за струја кои се повисоки од очекувањата утврди ли Регулаторната комисија за енергетика која е причината за овие високи сметки?

Кај одредена категорија на потрошувачи има предвидена потрошувачка и поради тоа има проблеми со сметката и таа не е таква каква што очекуваат потрошувачите и тоа е еден тип на проблеми. Втор тип на проблеми е што имаше голем дел на домаќинства кои се вратија пред новогодишните и божиќните празници, доаѓаат од странство за да си ги искористат своите денови за одмор и кај нив имаше одредени жалби.

И исто така имаше потрошувачки кои вообичаено никогаш не влегле во четвртиот блок и сега заради одредени причини влегле во четвртиот блок. Значи кога ќе се сумира се ова се трите причини заради кои имавме жалби во РКЕ и внимателно го следиме целиот процес и проактивни сме.

Конечно за да ги тргнеме сите сомневања РКЕ веќе е во завршна фаза бидејќи последниве две недели работеше на одредени анализи, имавме и некои други идеи на промена на правилата за снабдување со електрична енергија каде што ќе се читањето еднаш месечно ќе биде задолжително.

Инаку согласно европските директиви е предвидено најмалку еднаш во годината да има читање, ние во соработка со Народниот правобранител го сведовме тоа на квартал и сега одиме на месечно ниво со цел да ги расчистиме сите дилеми и да бидат сигурни потрошувачите дека плаќаат за тоа што го потрошиле.

Нема да дозволиме ниту еден потрошувач да плати повеќе 1 kw/h од тоа што реално го потрошил и во таа насока сето тоа што го преземавме ќе го реализираме за многу краток период.

Инаку до моментов некаде се околу 530 жалби пристигнати во РКЕ.

Како е одлучено по овие жалби, бидејќи речиси сите кои се жалат велат дека дури имаат и три пати повисоки сметки од претходно?

Апсолутно, таму каде што е направена проценета потрошувачка и ако е направена грешка тие грешки се корегираат и самиот ЕВН почна да ги корегира, а и во нашите одлуки по жалби ние тоа го правиме. Значи имаме и голем број на жалби каде што имаме таканаречени ГСМ броила. Тие броила се отчитуваат на далечинско и таму нема можност за било каков проблем.

Едноставно од првиот ден во месецот од првиот час па се до последниот час во последниот ден од месецот се чита состојбата на броилото. Таму тие жалби не ги прифаќаме заради тоа што едноставно тоа е реалната потрошувачка. Дел од жалбите се прифатени и даваме упатство како да се корегираат фактурите. Значи на секој потрошувач муе гарантирано, ако периодот на отчитување односно помеѓу две отчитувања бил 90 дена тогаш првиот блок не е до 210 kw/h туку е до 630 kw/h и така соодветно се зголемуваат сите блокови.

Таму каде што со мерната опрема која ја има Електродистрибуција и каде што може да се види колку е во изминатиот период месечната потрошувачка повторно се прават корекциони фактури. Така што во тој дел проблемот ќе биде решен. Инаку ние ако ги анализираме жалбите кои сме ги добиле оваа година и минатата година во истиот период, факт е дека лани сме имале повеќе жалби.

Реакциите на граѓаните се и зошто да ги платат сега тие сметки додека трае целата оваа постапка, бидејќи жалбата е првен до ЕВН, па потоа до вас ако не се задоволни, а на крај е и Управниот суд. Правично ли е тоа да се плаќаат, бидејќи има и енормно високи сметки на струја?

Ако се утврди дека таа сметка е неточна тогаш во наредниот период сите тие пари на граѓаните ќе им бидат вратени во останатиот дел од годината. Нема друг начин сето тоа како да се изведе имајќи пред вид дека и нашиот систем треба да функционира, треба да се обезбедат пари и за плаќање на електричната енергија која е произведена во ЕСМ а треба да му се плати и на МЕПСО.

Сомнежите кај граѓаните се големи со оглед на тоа што се случува низ годините. Колку е здраво еден ист универзален снабдувач да биде постојано присутен во државата. Знаеме дека лани повторно беше избран и покрај тоа што дури и државната компанија конкурираше на огласот?

Во однос на довербата на потрошувачите во договор со Електродистрибуција и во останатите институции кои се надлежни за проверка на броила во државата ние од овие жалби кои ги имаме ќе избереме повеќе броила по случаен избор и заедно во присуство на потрошувачот во присуство на државните институции кои прават контрола на тие броила ќе провериме повеќе броила за да видиме дали има некаков проблем кај броилата.

Јас не верувам дека има проблем, но мора да биде јасно тоа и да биде докажано. Така и во тој дел преземаме мерки за да се врати довербата, и јас ги слушам тие разговори, ми се јавуваат пријатели.

Но, коментарите се дека луѓето постојано треба да си ги читаат сами броилата?

Ние имаме можност за самоотчитување и тоа како што гледам многу слабо се користи но она што го побаравеме од Електродистрибуција е дека некаде до септември дека ќе биде направена многу поедноставна веб платформа на која повторно секој потрошувач ќе може да си ги даде своите податоци за потрошувачката.

  • 16x9 Image

    Билјана Николовска

    Билјана Николовска како новинар започнува да работи во локална радио станица, а кариерата ја продолжува во националната ТВ Телма од 2006 – 2023 год. Добитник е на награда за најдобар дописнички прилог, и на повеќе награди за истражувачки стории доделени од домашни новинарски организации како и од Европската Унија. Автор е на документарен филм  и серија стории кои откриваат корупција, организиран криминал и нарушување на човековите права. Како истражувачки новинар за Радио Слободна Европа започна да работи во мај 2023 година.

XS
SM
MD
LG