На Балканот многу мали хидроцентрали, малку енергија од нив, а голем субвенциониран профит. Во темата на неделата видео приказни од Македонија и Албанија. Како до чиста вода, здрава животна средина и остварување на потребата од енергија?
Дел од светските истражувања покажуваат дека во просек во Европа околу 15 проценти од смртните случаи од ковид-19 се должат на загадувањето на воздухот.
Која е цената на кинеските инвестиции? Оправдани ли се сомнежите за корупција и стравувањата за зголемување на кинеското влијание? Во Топ темата на неделата следат две приказни - македонска и унгарска.
Туристичките дестинации прават дополнителни напори и подготовки за привлекување туристи. Каде не може, каде може да се оди, какви се протоколите? Но, многумина во Македонија велат дека им е сеедно, оти и онака немаат пари за на одмор.
Разни групи, низ медиуми и социјални мрежи, шират дезинформации во врска со пандемијата и со вакцините. ЕУ објави извештај во кој се вели дека Русија и Кина ги поттикнуваат теориите на заговор во врска со Ковид 19, а се поголема загриженост предизвикуваат и разни екстремистички групи.
Пандемијата влијае врз здравјето на родилките и новородените, се наведува во глобална студија, која споредувајќи ги резултатите на бремените жени лани со претходните години, заклучува дека штетата од ковид-19 била уште поизразена во помалку богатите земји.
Еколозите велат дека јагленот од Европската унија мора да исчезне до 2030 година Термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј се меѓу најголемите загадувачи во Македонија.
Пандемијата ги натера граѓаните се повеќе да плаќаат сметки преку интернет. Имено, лесната преносливост на Ковид 19 ја засили дигитализација и кога се во прашање јавните администрации и државните служби за граѓаните.
Младите се повеќе во секојдневниот говор, но не ретко и во училиште, користат жаргон под влијание на интернетот,на социјалните мрежи. И додека тие кулираат на нет и се тагнуваат на Фејс и Инста, други прашуваат: Дали овие трендови се опасни за литературниот јазик? Мислењата се поделени.
Веќе една година како светот го погоди коронавирусот кој наметна правила на живеење кои досега не беа вообичаени. Последиците не се само врз здравјето, туку и врз однесувањето на луѓето. Како во сето ова се снаоѓаат младите?
Природата на Балканот е една од најживописните во Европа. Но, слабите системи за управување со отпадот низ целиот регион ја загрозуваат животната средина, но и здравјето на луѓето. Што може да биде решение на проблемот? Поголема ангажираност на надлежните или поголема свесност на граѓаните.
Американскиот претседател Џо Бајден со неговите први потези го потврдува она што го ветуваше, односно дека Соединетите држави ќе ги обноват сојузите и повторно ќе се „ангажираат“ со светот. Што може да очекува Македонија?
Вчитај повеќе