Пандемијата ги натера граѓаните се повеќе да плаќаат сметки преку интернет. Имено, лесната преносливост на Ковид 19 ја засили дигитализација и кога се во прашање јавните администрации и државните служби за граѓаните.
Младите се повеќе во секојдневниот говор, но не ретко и во училиште, користат жаргон под влијание на интернетот,на социјалните мрежи. И додека тие кулираат на нет и се тагнуваат на Фејс и Инста, други прашуваат: Дали овие трендови се опасни за литературниот јазик? Мислењата се поделени.
Веќе една година како светот го погоди коронавирусот кој наметна правила на живеење кои досега не беа вообичаени. Последиците не се само врз здравјето, туку и врз однесувањето на луѓето. Како во сето ова се снаоѓаат младите?
Природата на Балканот е една од најживописните во Европа. Но, слабите системи за управување со отпадот низ целиот регион ја загрозуваат животната средина, но и здравјето на луѓето. Што може да биде решение на проблемот? Поголема ангажираност на надлежните или поголема свесност на граѓаните.
Американскиот претседател Џо Бајден со неговите први потези го потврдува она што го ветуваше, односно дека Соединетите држави ќе ги обноват сојузите и повторно ќе се „ангажираат“ со светот. Што може да очекува Македонија?
Трката по набавка на вакцини против Ковид 19 во светот, покажува дека и во услови на пандемија, богатите и моќните земји се во предност. Кај нив, вакцинирањето е во тек. Македонија сеуште ги чека првите вакцини.
Во ова време на промени малку кој може да се снајде во она што е историја, како таа се одбележува и зошто некои ја негираат. Тоа се однесува и на спомениците на не толку одамна минати настани и личности. Ги чуваме ли доволно?
Македонските граѓани иако секојдневно преку социјалните мрежи се изложени на секакви теории за штетноста и безбедноста на 5Г мрежата, сепак сметаат дека напредокот не може да се запре. Побрзата мрежа, според експертите, ќе биде неопходна и поради пандемијата.
Некои од поважните настани во светот кои ја одбележаа 2020-та година, низ видео инсерти.
Панедмијата на коронавирусот ја нагласи големата дилема во која се најде светот во ова дигитално време. Станува збор за тоа како да се балансира меѓу заштитата на човековите права и одбраната од дезинформациите поврзани со ковид-19.
Бројките на заразени со ковид-19 и покрај преземените мерки растат, а болниците се преполни од нови пациенти. Тоа предизвика своевидна трка со времето за дополнителни клиники и прилагодување на постојните, но и на лекарите и медицинскиот персонал на условите на сегашната пандемија.
Светската метеоролошка организација деновиве излезе со нов билтен во кој вели дека нивото на стакленички гасови во атмосферата, главниот двигател на климатските промени, достигна рекордно високо ниво во минатата година и повикува на акција за заштита на „иднината човештвото“.
Вчитај повеќе