Младата Мирјана Јосифоска е единствена дизајнерка на шапки во Македонија. Вели дека учела од кројачи од старата, југословенска школа, но и дека сака да го модернизира процесот со користење на нови технологии.
Студентката Тијана Петреска - Тиа откако знае за себе знае и дека сака мода и моден дизајн. Како дете со помош на нејзината баба дизајнирала и шиела облека за барбиките од цртаниот „Брац“, за кои вели уште ѝ се инспирација бидејќи симболизираат уникатност, самодоверба и храброст.
Свирењето хармоника по минимум 6 часа дневно значи и помалку дружби со пријателите. Инструментот е тежок и за свирење и за држење. Но, ништо од ова не е проблем за младата прилепчанка Софија Мирческа која решила да освојува светски сцени.
Средношколката Јована Богданоска пее од мала. За разлика од многу нејзини врсници, неа не ја влече поп музиката, туку македонската традиционална песна. Поради стилот на пеење и бидејќи препеа песна од пејачката Васка Илиева, некои ја нарекуваат нејзина наследничка.
Детската желба на 22-годишниот виолинист Александар Иванов да студира на една од најпрестижните музички школи во светот „Џулијард“ е исполнета. Тој неодамна настапи со Македонската филхармонија во Скопје, а за РСЕ сподели дел од искуствата од Њујорк и ја потврди намерата да освојува светски сцени.
Основецот Марко Балоски со снимање на видеа со еко пораки сака да допре до своите врсници, но и до повозрасните, за да ја разбуди еко свеста.
Тинејџерката Ема е родена во Македонија, но живее во Хонг Конг. Со своите акции сака да покаже дека се грижи за природата, а за ова добива пофалби и награди интернационално.
Средношколецот Петар Србиноски одлучил да ги занемари реакциите на оние кои се чудат кога ќе слушнат дека тој тренира мечување. Не се надева дека еден ден хобито би можело да му стане професија, но сака да ги инспирира младите да си го следат срцето и да уживаат во омиленото хоби.
Младата актерка Нина Елзесер вели дека ужива работејќи на претстави на независната сцена. Во моментов не цели кон матичен театар и вработување, но како што вели, секогаш цели кон чување на детето во себе и порачува дека актерите никогаш не смеат да бидат ставени во рамка.
Да се тренираат неколку боречки вештини паралелно и да се освојат три златни медали во два различни спорта за еден викенд, не е невозможно за 16-годишната Даниела Алексовска. Таа тренира бразилска џиу џица (БЏЏ), џудо, таи бокс и ММА, а БЏЏ е нејзин матичен спорт.
Велешанецот Ангел Петрушев во кајак влегол во прво одделение. Денес има 18 години, бројни медали и титула - државен јуниорски и сениорски првак на Македонија.
Дваесегодишниот Андреј Димоски кој студира на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, танцува веќе 15 години, а последниве 5 години професионално се занимава со танц.
Вчитај повеќе